мини|250px|Прошараното крзно од леопард му прави камуфлажа на овој грабливец од заседа. мини|250px|Крзно од опосум Крзно е збир телесни влакна на нечовечки цицачи. Тоа игра улога на заштитна „облека“ за животните; крзното може да се состои од кратки долни влакна, долги горни влакна и, во некои случаи, средни влакна. Сите цицачи немаат крзно. Крзното се користи заради неговата практична (облека), декоративна и престижна вредност. Освен природните, постојат и имитации на крзна (вештачко крзно) кои се далеку поевтини.
Крзното како мотив во уметноста и во популарната култура „Крзното од лисица на мајка ми“ — краток расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска.Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 21-22. „Венера во крзно“ (англиски: Venus in Furs) — песна на американската рок-група „Велвет андергаунд“ (Velvet Underground) од 1966 година.YouTube, velvet underground - venus in furs (пристапено на 19.9.2019)
Поврзано Крзнена облека
Наводи