Лазар Маркович Лисицки (на ; - ), познат како Ел Лисицки — руски и советски сликар, архитект, графички уметник, типограф и фотограф. Се смета за еден од најважните личности на руската авангарда во почетокот на 20-от век. Заедно со неговиот учител Казимир Малевич го основал уметничкиот правец суперматизам, како што самиот Малевич го нарекувал конструктивизмот.

Животопис По неговото детство и младост во Смоленкс сакал да оди на Академија во Санкт Петербург, но тој не бил прифатен и заминал на обука во техничкото училиште во Дармштат. Таму тој  ги завршил студиите и на почетокот на Првата светска војна се вратил во Русија. До 1917 година предавал заедно со Казимир Малевич во уметничката школа во Витебск , каде Директорот бил Марк Шагал. Подоцна (во 1921 година) предавал во Московската Академија. Во периодот 1922 година – 1928 година се вратил во Германија и предавал на Баухаус. Во 1928 година. тој живеел во Москва каде работел како инженер за дизајн. На меѓународни изложби на Русија, тој предлагал украси за нивните павиљони.

Работа Архитектонското дело на Ел Лисички најмногу се одразило на утописките проекти кои требало радикално да го сменат изгледот на Москва. Се претпоставува дека овие облакодери се издигнуваат над земјата со минимален услов за потпорна површина и е познат како „небесен холдинг“. Овие челични конструкции не биле во можност да се спроведеат. Покрај тоа што се рефлектирал во архитектурата, Ел Лисички се посветил на сликарството, рекламната графика, книжевната уметност и изложбата.

Наводи

Shishanov V.A. Vitebsk Museum of Modern Art: a history of creation and a collection. 1918-1941. - Minsk: Medisont, 2007. - 144 p.

El Lissitzky. Wolkenbügel 1924-1925. Publisher= Editorial Rueda, Madrid, 2005

 Надворешни врски

Биографија на Ел Лесицки Информации за животот и работата

Категорија:Родени во 1890 година Категорија:Руски архитекти Категорија:Руски сликари Категорија:Руски фотографи Категорија:Починати во 1941 година Категорија:Советски Евреи Категорија:Руски Евреи Категорија:Починати од туберкулоза Категорија:Сликари од 20 век Категорија:Апстрактни сликари