Клекоперци или Кракоперци — историско, одамна напуштено село на два километри североисточно од денешното село Шелеверци, сместено во долот кон местото Комарчани.

Потекло на името Потеклото на името на селото е тешко да се потврди. Жител на селото, кој тврдел дека неговите предци потекнувале од селото Клекоперци, го раскажувал следното:

Податоци за селото Клекоперци За селото Клекоперци не се знае колкаво било, но се знае дека не било муслиманско, затоа што инаку немало да настрада. Не се знае ниту дали имало верски храм. Кога го нападнале Турците, целосно го испустиле. Тоа настанало за време на Мариовската буна од 1564-65 г. Според кажувањата, селото било сосема изгорено, населението истепано, добитокот земен, а успеало да преживее само едно семејство. Самото семејство било поделено на три дела, еден дел од семејството дошол во селото Марул, вториот дел во селото Штавица, а третиот дел отишле во селото Чумово. Потомците на ова семејство се денешните Таневци во Марул, во Штавица тоа се денешните Дерковци (Мелезовци), а во Чумово, Апостоловци. Сите овие семејства имаат иста куќна слава Св. Варвара на 17 декември. Селото Клекоперци никогаш не било обновено. Единствено на ова место денес сè уште постојат урнатини.Според кажување на Крсте Стојанов Танески (1904-1984) од селото Марул

Наводи

Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Шелеверци