Статините исто така познати како HMG-CoA редуктаза инхибитори, се класа на лекови кои го намалуваат нивото на липиди.
Несаканите ефекти на статините вклучуваат мускулна болка, зголемен ризик од дијабетес мелитус, и абнормални резултати на тестовите за хепатални ензими.
Заклучно со 2010 година, голем број на статини се наоѓаат во промет: аторвастатин, флувастатин, ловастатин, питавастатин, правастатин, росувастатин и симвастатин. Достапни се и комбинации на статин со друг агенс, како езетимиб/симвастатин. Во 2005, продажбата на статини во САД е проценета на околу US$18.7милијарди. Најпродаваниот статин е аторвастатинот исто така познат како Липитор, кој во 2003 станал најпродаваниот лек во историјата. Производителот Фајзер пријавил добивка од US$12.4милијарди во 2008."Doing Things Differently" , Pfizer 2008 Annual Review, 23 April 2009, p. 15.
Несакани ефекти Најважните несакани ефекти од употребата на статини се мускулна болка и мускулна слабост, дијабетес мелитус, хеморагичен мозочен удар и миопатија, која може да прогредира до рабдомиолиза.
Механизам на дејство Статините делуваат преку компетитивна инхибиција на ензимот HMG-CoA редуктаза. Овој ензим е одговорен за претворањето на 3-хидрокси-3-метил-глутарил-коензим A во мевалонат, главниот претходник во синтезата на стеролите, вклучувајќи го и холестеролот.
Наводи
Категорија:Статини Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Јапонски пронајдоци Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација Категорија:Хепатотоксини