мини|250п|Поглед кон вештачката акумулација Козјак од планинскиот врв Фојник висок 1.421 м мини|десно|250п|Реката Треска во Поречието мини|десно|250п|Поглед на планината Јакупица Порече (Поречие, Поречје) — етногеографска област во западниот дел на Македонија, долж течението и целата долина на реката Треска од двете нејзини страни. На север областа се граничи со Скопската Котлина, на исток со областа Азот и поширокиот велешки регион, на југоисток со Прилепското Поле, на југ со Крушевско, на југозапад со Кичевско и областа Копачка, а на северозапад се граничи со Полошката Котлина односно со Гостиварско и Тетовско. Од сите страни областа е заградена со планини и тоа, на север со Сува Планина (1.964 м), на запад со планините Сува Гора (1.857 м), Челоица (2.061 м) и Песјак (1.917 м), на југ со Бушева Планина (1.788 м) на која се наоѓа превалецот Барбарас кој ги двои Поречието и Прилепското Поле, а на исток е оградена со масивот на Мокра Планина (Солунска Глава) односно планините Даутица (2.178 м) и Караџица (2.473 м). Релјефно, целата област е котлина, односно ја опфаќа долината на реката Треска.
Административно целата област е во составот на Општина Македонски Брод (од 1996 до 2004 година беше поделена помеѓу општините Македонски Брод и Самоков).
Население мини|десно|Самоков, едно од поголемите поречки села
Областа отсекогаш била населена со македонско христијанско население и слично како и областа Мариово во времето на османлиското владеење не било забележано исламизирање, иако во многу блиски области тоа зело големи размери (Пласница и селата во Прилепското Поле). Според пописот од 2002 година, Поречје брои 7.141 жител од кои:
Македонци 6.927 (97%) Турци 181 (2,53%) Срби 22 (0,31%) Роми 3 (0,04%) Бошњаци 1 (0,01%) останати 7 (0,10%)
Голем дел на население од Порече се има иселено во тетовското село Брвеница и околните тетовски села, Тетово, Гостивар (особено населбата Циглана), Кичево, прилепските села во Општина Долнени, Прилеп, Скопје, а по Втората светска војна голем дел од населението на Порече се има населено во Војводина (Качарево, Јабука, Пландиште) како колонизатори на испразнетите имоти на Германци. +Населено Место19001905191719481953196119711981199119942002Белица206320402368415376359241170146106Бенче20024036943726412243Битово2002002302883163143052161088563Близанско20160225810111413090655237Брезница280240318295319332349186979449Брест204160238378439405427325253234189Вир2902802962451717618Волче8514416024427528929412945337Горни Манастирец41048054025525321413665342119Горно Ботушје41040057051857414022Горно Крушје512560352417419382327192806644Грешница450400314298312229158105733927Девич21016011322325926421517114112586Долни Манастирец.........242329309232243152133169Долно Ботушје.........422491511443164685134Долно Крушје......15513814313712969293623Драгов Дол4040681151301418046332423Дреново22025021424018712159453833Заград90968010211511711472342617Звечан19024033230130729428620312212070Здуње26032026447452253335288262320Зркле18016020824018827621820011410486Инче10016012816215715810872534530Калуѓерец180160183175181162150136737347Ковач240400296...2372011681191007954Ковче2424348567338Косово17624022931334433231823513110067Крапа6005607077047646123901831139369ЛагЛоквица84013667578186887056720813211999Лупште2863204234603963272701591199067Македонски Брод3503202785676289471.2191.9613.2773.3583.740Могилец235240328237242194166114605827Модриште16514412423326326016787978639Рамне17024031238032516831Растеш2452403053944614924562181249258Самоков5400238367171270209194212292288Сланско560600587599612579406303245218169Слатина400520426286271265182130605130Старо Село336320...78......6523107...Суводол2101605122325926421517114112586Сушица26032024525224116711774252413Тажево2152002142332582482188723247Томино Село320320281222237212182116665644Тополница230320265303315253180106716336Требино651655160147211189176206204198Требовље1802561421871701649644201813Црешнево505640411522604579483358267231169
Стопанство
Населението главно се занимава со земјоделство и сточарство. Од полјоделските култури се одгледува пченката, тутунот и градинарските култури. Низ целата област богатството од најрзановиден вид на шуми ја прави дрвосечата за огрев и мебел една од главните стопански гранки. Најзастапени се листопадните шуми (околу 90%) и тоа костенот, оревот, буката, дабот итн. Индустријата е слабо развиена, главни индустриски објекти во Порече се фабриката „Сувенир“ од с. Самоков, и тутунската, текстилната и металопреработувачката кои се застапени во Македонски Брод. Со изградбата на хидроелектричната централа и вештачкото езеро Којзак, регионот стана и туристички познат. Пештерата Пешна, многуте спелеолошки богати процепи и пештери, манастирите и природните убавини придонесуваат за туристичката атрактивност на областа. Во помала мера застапено е и ископувањето на камен за градежништвото.
Историја
Камено време
Население и населби во Порече имало уште од старото камено време, за што се пронајдени остатоци од населби. Од тоа време се пронајдени предмети во училишниот двор на селото Ижиште.
Античко време
Најстари жители биле елините, од кои останале повеќе остатоци како на пример во Томино Село во месноста викана Гркови куќишта. Во Горно Крушје има остатоци на градби во месноста викана Гркоец. Кај селото Локвица има остатоци од некогашна населба, за која се смета дека била град на елините. За повеќе стари тврдини се смета дека се од римско време, како што се црквите во Модриште и Тажево, калето меѓу Бенче и Ковач.
Среден век
По доаѓањето на Словените и во средновековниот период Порече било населено од македонското словенско племе Брсјаци (Берзити), а била основана и првата македонска Склавинија. Во XI век целата област била во составот на Самуиловото Царство.
Османлиски период
Османлиската власт формира своја локална власт и извршува територијална поделба. Селата од левата страна на реката Треска биле припоени на Кичевската нахија, била формирана локална власт — мудурлук во селото Самоков. Селата од десната страна на реката Треска биле припоени кон Прилепската нахија. Селото Црешнево било припоено кон Велешката нахија, а селото Брезница кон Скопската нахија.
За обезбедување на мудурлукот ва Самоков, била донесена редовна турска војска и е направена кашла. На селаните им било дадено право да си поставуваат селски коџобашии и ази (одборници) кои имале функција кога ќе дојде некој од претставниците на власта (јазаџија, беглајлија, спаија, јумрукџија или заптија) да им ги претстави селаните. Полјакот во селото бил поставуван од страна на мудурот. За коџобашии и ази биле поставувани поимотните домаќини во селото. Коџобашиите за секоја кужа отворале рабуш, врз кој со нож ги бележеле платените пари во лири, череци, бели меџидии, грошоци, акчиња и аспри.
Во Порече немало населени бегови.
По доаѓањето на Турците на балканот, во првиот период Порече било дел од вазалното владетелство на Кралe Марко. Од овој период сведочат остатоците од тврдина во пештерата Пешна, остатоци од тврдини на повеќе други места и повеќето манастири изградени во средновековниот период. Во средината на XIX век, позната македонска револуционерна дејност во Порече создал познатиот македонски војвода Димче Латовче од селото Латово, кој се поврзал со една група на напредни револуцинери од Охрид, Крушево, Битола со кои планирале востанички акции во западниот дел на Македонија.
Македонска револуционерна организација
Во 1901 година во поречките села влегуваат неколку војводи на Македонската револуционерна организација со своите чети со цел да формираат комитети и нови чети. Прв доаѓа војводата Стојан Леринецот со седум души. Прв реонски комитет се формира на подрачјето на Рабетинска Река и тоа за селата на Горно Порече. За претседател на комитетот е поставен Милан Стреоски од с. Орланци, за благајник и дешифрант на писмата Ванѓел Тарунџиоски од с. Ижиште. Реонскиот комитет раководел со целокупната револуционерна активности и дава напатствија за натамошната работа, Членовите на комитетот по селата организирале селски револуционерни комитети. Селски комитети се формирани во селата: Ижиште, Ореовец, Латово, Козичино, Светораче, Орланци, Речани, Дворци, Доленци, Локвица и др.
Димо Грозданоски од Горно Крушје е еден од најголемите револуционери и организатори на ВМРО во Порече, соработувал со Даме Груев, одејќи по селата и организирајќи ги масите во Организацијата. За да ја прикрие својата активност Димо одел по селата на Битола, Прилеп и Велес, преоблечен во цигански алишта заедно со некоја циганка од Кичево. Димо успеал да формира нови комитети таму каде што немало а таму каде што имало формирано им давал нови задачи. 1902 година Димо бил откриен од Турците, фатен и осуден на 101 година затвор. Лежел во битолскиот затвор, од каде бил ослободен во 1903 година од страна на Комитетот, во очи на Илинденското востание. На излегување од затворот, убил еден стражар по што бил повторно фатен и осуден на 101 година затвор. Одлежал во затвор до крајот на 1904 година кога преку рускиот конзул во Битола успеал да се ослободи. После тоа ја продолжува својата револуционерна должност. Станува комита во четата на Мицко од Латово. Пролетта 1905 година е сардисан во селото Горно Крушје и по долга борба со турскиот аскер е убиен.
Со текот на времето сè повеќе се формирале селски револционерни комитети во кои покрај мажи членувале и жени. Меѓу првите жени член на селските комитети била и Божана Филипоска од Горно Крушје.
Селото Сланско било прочуено по војводата Ѓурчин, кој уживал голем авторитет меѓу населението.
Ѓорѓи Сугаре во 1902 г. формира селски револуционерни комитети во селата Грешница, Девич, Слатина, Драгов Дол, Горни и Долни Манастирец.
Подоцна комитети биле формирани во селата Здуње, Брест и Рамне во кои масовно членувале на доброволна основа и жените.
Една од главните задачи на комитетите била да го снабдува населението со оружје. Врз основа на големината на имотите на селаните бил определуван данок од кој се купувале пушки и муниција. Некои од побогатите селани сами си купувале оружје.
Со формирање на реонските и селските револуционерни комитети се создадени можности за формирање на вооружени чети. Во почетокот се формирале четите на Ѓурчин војводата во Сланско, Арсо војводата во Локвица, Бошко војводата во Вир, Зафир војводата во Лупште и други. Во нивните чети имало преку сто постојани четници до селата
Илинденско востание
Српска окупација Кон крајот на XIX век и во почетокот на XX век, во Порече била многу силна српската пропаганда. Српската пропаганда била толку силна што Порече било познато и како „Мала Шумадија“. Но постоеле и неколку села во кои лежиште нашла бугарската пропаганда како на пример селото Локвица (познато и како „Мала Софија“).
По укинувањето на солунскиот фронт, германската и бугарската војска отстапуваат во 1918 година. Во Порече се задржува српската војска. Формиран е Поречки Срез, за началник е поставен Боро Марковиќ. Срезот формира општини во истите места како во 1912 година. Претседателите на општините биле поставувани со декрет. Воспоставени биле: Општина Брод, Општина Дебреште и Пласничко-Рабетинска Општина. Општински избори биле спроведени на 28 август 1920 година.
На 28 ноември 1920 спроведени биле парламентарните избори. Поречкиот Срез немал свој кандидат, поради недоволен број на избирачи, затоа избираат кандидат од Долнополошкиот Срез.
Втора светска војна
Во текот на Втората светска војна од Порече имало голем број на македонски партизани, а на целото подрачје дејствувала VI македонска ударна бригада.
Етнологија