Тенк — гасенично оклопно борбено возило конструирано за директен судар со непријателот, користејќи се со директен оган од големокалибарски топ и поддршка од митралези. Тешкиот оклоп како и релативно големата подвижност претставуваат заштита, а гасениците му овозможуваат движење по непрооден терен со релативно големи брзини.
Тенковите првпат биле замислени и произведени од страна на британската војска за време на Првата светска војна, со цел да се скрши застојот предизвикан од рововската војна; тоа требало да им овозможи на војниците да се пробијат низ територија контролирана од непријателски оган побрзо отколку пешадијата. Тенковите ретко оперираат самостојно, тие се организирани во борбени единици, најчесто комбинирани, без таква поддршка тенковите се ранливи на противтенковска артилерија, други тенкови, противтенковски мини, и (на мал досег) пешадија, како и од специјализирани противтенковски авиони.
И покрај тоа што се скапи за производство и тешки за поддршка, тенковите се вбројуваат меѓу најдопадливите и најразноликите оружја на модерното бојно поле, поради нивната способност да се борат против други копнени сили (вклучувајќи и утврдувања) како и поради шок-ефектот кој го имаат кај непријателската пешадија. Тенковите и оклопната тактика поминале низ неколку еволуции во времето од нивното појавување до денес.
Потекло на поимот thumb|Израелски Меркава Mk4 тенк Постојат три можни објаснувања за потеклото на името „тенк“. Едно е дека првпат се појавило во британските фабрики каде што се произведувале шасиите за првите тенкови: на работнците, и можни шпиони, би им било даден впечаток дека произведуваат гасенични контејнери за вода, резервоари (англиски: tanks) за британската војска, со што би се зачувало во тајност производството на борбено возило.Прва светска војна - Вилмот, Х.П., Dorling Kindersley, 2003 Друго објаснување е дека изразот првпат бил употребен во извештај до Винстон Черчил кој во тоа време бил Прв Лорд на Адмиралитетот. Од овој извештај произлегле три можни термини: „цистерна“, „моторна воена кола“ и „тенк“. Сепак „тенк“ бил избран поради лингвистичката едноставност.Тед Барис, Победа кај Вими: Созревањето на Канада април 9-12 1917, Thomas Allen Publishers, 2007, стр. 116 Но најверодостојната приказна потекнува од биографијата на Черчил.Сер Мартин Гилберт, Черчил: Еден живот, Thomas Allen Publishers, 1991, p. 298 За да се скрие вистинската намена на возилата, нацртите биле означени како „Цистерни за вода за Русија“ (англиски: Water carriers for Russia). Кога било предочено дека ова може да биде скратено како „WC за Русија“ било сменето во „Резервоари за вода за Русија“ (англиски: Water tanks for Russia). Со тек на време името било скратено на „тенк“.
Историја Прва светска војна: првите тенкови Гасенично борбено возило било предложено во 1912 година од страна на австралискиот инженер Л. Е. де Мол. Тоа бил еден од најраните практични дизајни кој му бил понуден на британското министерство за војна. Де Мол бил известен во јуни 1913 дека неговиот предлог е одбиен, иако не му биле вратени сите нацрти. Тој ги одбил предлозите од пријателите да ги продаде плановите во германскиот конзулат во Перт.
Застојот на западниот фронт ја приморал британската армија да започне истражување за возило кое би се движело со сопствена сила и кое би можело да минува преку ровови и бодликава жица, и да е отпорно на митралески оган.
На почетокот, тенковите биле ставени во склоп на британската морнарица која требало да ги тренира сите тенковски екипажи, а биле наречени „копнени бродови“. Првиот Лорд на Адмиралитетот, Винстон Черчил, го спонзорирал Комитетот за копнени бродови, кој го создал првиот прототип на тенк наречен „Малиот Вили“, во септември 1915. Возилата биле познати како цистерни за вода, подоцна скратено на „Тенкови“ (резервоари) за да се зачува тајноста; името станало официјално во декември 1915 година.
лево|thumb|300px|„Малиот Вили“ во музеј во Бовинтон
Првиот тенк кој учествувал во битка бил британскиот Модел I, Д1, за време на Битката кај Флер-Курсејет (дел од Битката кај реката Сом), на 15 септември 1916, еден од двата кои успеале да го пробијат германскиот фронт и стигнал до Флер, но бил уништен од страна на Сојузничката артилерија. Еден од овие два тенка по грешка отворил митралески оган врз 9-та Норфолшка дивизија која се спремала за напад.Реган, Џефри. Гинисова книга на уште воени грешки (London: Guinness Publishing, 1993), p.12. Французите го развиле Шнајдер ЦА1 работејќи врз основа на гасенични трактори, и првпат го употрбиле на 16 април 1917 година. Првиот успешен масовен напад со тенкови се случил кај Камбре на 20 ноември 1917 година. Тенковите биле користени со голем ефект и во Битката кај Амјен, кога Сојузничките сили успеале да се пробијат низ вкопаните германски позиции благодарејќи на оклопната поддршка.
Германија користела многу малку тенкови во Првата светска војна, А7В е единствениот тип произведен во Германија пред крајот на војната, а биле произведени само 15.Прва светска војна - Тенкот: Нови откритија - Вилмот, Х.П., Dorling Kindersley, 2003, Page 222 Првата акција на тенк против тенк била на 24 април 1918 кај Вијер-Бретоно, Франција, кога три британски Модел IV сретнале три германски А7В. Германските сили на почетокот немале противтенковски средства, но (случјно) ги откриле полните противтенковски гранати, и вовеле пошироки ровови за да се ограничи подвижноста на британските тенкови. Сепак поради променливите услови на бојното поле сојузничките тенкови еволуирале во текот на војната, создавајќи тенкови како многу долгиот Модел V, кој можел да поминува големи препреки, особено широки ровови, полесно од неговите претходници.
Почетните резултати на тенковите биле измешани; големи проблеми со механиката предизвикувале тешкотии во борбата, до една третина се расипувале поради механички дефекти неповрзани со непријателски оган, а нивната брзина била мала, 13 км/ч постигнати од Випет биле сметани за „брзо“. Употреба во „Фишеци пени“ го намалил нивниот значителен ефект и тактичка вредност. Иако тенковите со тек на време ќе ја направат рововската војна застарена, Првата светска војна завршила пред ова да се случи.
thumb|десно|Британски Модел IV од Прва светска војна
За време на Првата светска војна биле развиени два различни вида тенкови: „машки“, вооружени со топови од голем калибар, и „женски“, само со митралези. „Женските“ биле дизајнирани главно како противпешадиски платформи за заштита на „машките“.</ref name="Вилмот"> По крајот на Првата светска војна, најголем дел од „женските“ биле заменети со носачи на митралези (каков што е Брен носачот), а подоцна со оклопни транспортери.
Меѓувоени години: Напредоци во дизајн и тактики Со утврдувањето на концептот на тенкот, неколку држави почнале со дизајнирање и производство на сопствени тенкови меѓу двете светски војни. Британските дизајни биле најнапредни, што се должело на нивната заинтересираност во оклопни единици во триесеттите. Франција и Германија не се зафатиле со развој на тенкови поради состојбата на нивната економија (Франција) и забраните наложени од Версајскиот договор (сите германски тенкови биле уништени како услов за предавање)). САД посветиле малку внимание на развој на тенкови во овој период, бидејќи коњицата била надредена во однос на оклопните сили и успеала да апсорбира поголем дел од (ограничените) средства одредени за развој на тенкови. Дури и Џорџ С. Патон, кој имал тенковско искуство од Првата светска војна, се префрлил од оклопната гранка во коњицата (бидејќи Армијата на САД решила да не финансира тенковски корпус.
thumb|Полски Викерс E.
Во овој период, повеќе класи на тенкови биле вообичаени, поголем дел од развојот бил во Велика Британија. Лесни тенкови, најчесто до десет тони, биле користени за извидување, и најчесто имале малокалибарски топ корисен само против други лесни тенкови. Средните тенкови (крстосувачи во Британија) биле со поголема тежина и биле дизајнирани за движење со голема брзина на големи растојанија. Пешадиските тенкови (тешки) опремени со големокалибарски топ и тежок оклоп, главно биле многу спори. Идејата била да се користат пешадиски тенкови во соработка со пешадијата за да се направи пробив во противничката линија, нивниот тежок оклоп би им овозможил да одолеат на противтенковските оружја. По пробивот, би следувале групи крстосувачи кои ќе оперираат позади линијата и ќе напаѓаат командни единици и логистички патишта. Оваа тактика на последователни удари била основа на борбената филозофија на британските тенковски единици, и подоцна била прифатена од Германците како една од главните компоненти на блицкригот (секавична војна). Доктрината на Џ. Ф. Ц. Фулер од Првата светска војна била основа на теориите на сите големи пионери: Хобарт во Британија, Гудеријан во Германија, Чефи во САД, де Гол во Франција, Тукачевски во СССР. Сите дошле до речиси истиот заклучок, интеграцијата на воздушна извидница од страна на Тукачевски била најсофистицирана; само Германија ја ставила теоријата во практика, и нивната супериорна тактика а не нивните супериорни оружја придонеле за успехот на блицкригот.
Ги имале предвид борбите тенк против тенк, но фокусот бил на моќни противтенковски топови и слични оружја, вклучувајќи и посебни противтенковски возила. Ова дошло до најголем израз во САД, каде од тенковите се очекувало да ги избегнуваат целосно противничките тенкови и да ги остават уништувачите на тенкови да ги расчистат. Британија тргнала по истиот пат, и двете произведувале лесни тенкови со надеж дека брзината ќе им овозможи да избегнат да бидат погодени. Во практика овој концепт се докажал како опасен. Со зголемувањето на бројот на тенкови на бојното поле шансите за меѓусебна средба се зголемиле до степен каде што секој тенк требало да биде и ефикасно противтенковско возило. Меѓутоа, тенкови дизајнирани само за борба против тенкови биле релативно беспомошни против други закани, и не биле адекватни за поддршка на пешадијата. Ранливоста од тенковски и противтенковски оган довело до зголемување на дебелината на оклопот и монтирање на поголеми топови кај речиси сите дизајни. Обликот на тенкот, кој претходно зависел само од спосбноста за поминување на препреки, сега станал компромис, при што нискиот профил станал пожелен за добивање „невидливост“ и стабилност.
Втора светска војна: Блицкриг и комбинирани единици thumb|десно|Германски „Тигар I“ (или Панцер VI); тежок тенк од Втора светска војна
Втората светска војна донела серија напредоци во тенковскиот дизајн. Германија, на пример, на почетокот имала исклучиво лесно оклопни и вооружени тенкови, како Панцер I, кој бил наменет само за тренажа, и биле инфериорни во однос на француските тенкови кои се користеле во тоа време. Германската војска имала четири оперативни модели на почетокот на војната. Првите два модели, (Панцер I и II) биле дизајнирани за тренажа. Недостатокот на напредни модели довело до нивно користење во раните фази од војната. Панцер I, лесен тенк со двочлен екипаж и два митралези од 7,92 мм. Панцер II, преоден модел со трочлен екипаж, 20 mm топ и коаксиален митралез од 7,92 мм. Панцер III, бил првиот посебен германски борбен тенк. На почетокот имал топ од 37 мм (подоцна заменет со 50 мм) и петчлен екипаж. Тој бил примарниот тенк користен за време на инвазијата на Русија во 1941 година. Панцер IV бил германскиот главен борбен тенк во Втората светска војна. Првично бил замислен како возило за поддршка и имал топ од 75 мм со кратка цевка. Подоцна бил подобрен со верзија со долга цевка (и нова муниција), што значително ја зголемило ефикасноста како противоклопно возило. Тој е единствениот германски тенк кој се произведувал во текот на целата војна. Во почетокот на војната лошо се држеле против британските тенкови и многу страдале против советските Т-34 кои имале супериорен оклоп, подобро оружје и подобри перформанси по нерамен терен, а со иста брзина. Сепак, овие брзи тенкови и други оклопни возила, во рацете на способни оператори, биле клучен дел од блитцкригот.