мини|300п|Остатоци од пелашкиот дворец Лерна Пелазгите — прединдоевропски народ кој живеел во јужните делови на Балканскиот Полуостров и се сметаат за негови први жители. Живееле во ридовите и планините, особено во Грција и Тесалија, каде новодојдените агресивни Елини во XII век п.н.е. ги натерале Пелазгите да се повлекуваат по планините и на север во Македонија, Тракија итн. Старословенскиот збор за ваквото живеење на рид/планина е „по-лазеч“, т.е. Полазеч, Полазги или Пелазги.Зборник „Словенско братство“, Белград, 1947 г.; стр. 696-710
Некои веруваат дека Пелазгите биле претходници на Античките Грци. Славистот Шафариќ вели дека следниве антички топоними во географска Тракија, која ги опфаќа и македонските етнички територии се од словенско потекло:
За античката тракиско-пеонско-македонска област Стримион, се тврди дека подоцна ја населило македонското словенско племе Струмјани. Според ова, областа Стримион која носи чисто словенско име потекнува од предсловенската колонизација. Струмиен е старословенски збор и означува врело/извор, а денес истиот збор, со истото значење се употребува во полскиот јазик. Во Пиринска Македонија и денес постои реката Струма, а во Македонија градот Струмица кои влечат корен од старословенскиот збор Струмиен.
Античкиот историчар Трог Помпеј пишува дека Македонците потекнуваат од Пелазгите Justin. VII, 1, 3.
Во 450 г.п.н.е., Херодот за Пелазгите вели:
Античкиот елински географ Страбон, вели:
Понатаму, Страбон пишува дека Тесалија, меѓу устието на реката Пенеј, Термопилите и планината Пинд, се нарекувала Пелазгиски Аргос, оти Пелазгите ја населуваaт таа земја Страбон, стр. 221. Страбон ова го напишал во 9 век по Христа, што говори во прилог на тоа дека Пелазгите и тогаш живееле во Елада, Тесалија, Македонија итн. Од тие Пелазги-Аргaјци произлегувала македонската царска династија, почнувајќи од македонскиот цар Александар Први (Александар Трети е големиот Александар Македонски). На друго место, Страбон вели дека и Етолците (како и Македонците) не се Елини Страбон V, 2, 4. Како Акаранците, Македонците и Етолците биле неелини, туку Пелазги, римскиот историчар Тит Ливиј пишува дека сите тие зборувале на еден ист јазик, неелински:
Наводи
Категорија:Древни народи Категорија:Историја на Балканот Категорија:Прединдоевропејци