Љупчо Бреслиски (, - , ) — познат македонски театарски, телевизиски и филмски глумец.

Биографија и кариера Бреслиски е роден во 1962 година во Штип. Почнал како глумец во драмското студио во штип, а се усовршил на ФДУ во Скопје во групата на Владимир Милчин. Работел во тетатарот во Суботица, своевремено еден од најдобрите во Југославија. Играл во бројни театарски претстави, но и во телевизиски серии, особено во култната Трст виа Скопје. Ја играл и една од носечките улоги во единствениот македонски филм номиниран за Оскар од неанглиско јазично подрачје, Пред дождот, на Милчо Манчевски. Починал во Штип на 15 мај 2016 година.

ФилмографијаБреслиски Љупчо на страната на Кинотека на Македонија

Година Филм Улога 1987-1990 Трст виа Скопје 1991 ТВ Театар ТВ-серија 1994 Пред дождот Митре 1997 Преку езерото 2004 Како убив светец Премиер 2004 Големата вода Инспектор 2007Јас сум од Титов Велес Чувар 1 2007 Сенки Ефтим

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци