Адем Сулејманоски (Ростуше, ) — македонски сликар. Најпознат е по изработката на мозаици.Адем Сулејманоски – Изложба на Мозаици

Животопис Сулејмановски е роден во 1961 година во Ростуше. Во 1980 година, тој го завршил Училиштето за применета уметност во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, отсек сликарство во 1985 година. Последипломски студии, одсек: сликарство завршил во 2010 година. Вработен е како професор во ОУ „Ѓорѓи Пулевски“ во Ростуше и во Средното општинско училиште - Гостивар, подрачна паралелка во Ростуше. Во 1992 година, тој бил во Равена, Италија на студиски престој. Учествувал на многу групни изложби во повеќе градови низ Македонија, каде имал и самостојни изложби. Самостојно изложувал во Сион, Швајцарија, Ниш и Нови Сад, Србија и Пешкопеја, Албанија.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Ростуше Категорија:Македонски мозаичари Категорија:Македонски сликари Категорија:Југословенски мозаичари Категорија:Југословенски сликари