Цер () – вид даб. Церот е високо листопадно дрво.

Распространетост Церот е јужноевропско и западноазиско дрво. Ареалот му се протега од Шпанија и Франција (каде е редок) на запад, преку Апенинскиот и Балканскиот Полуостров до Мала Азија и Сирија на исток. На север се протега до јужна Швајцарија и Австрија, а најсеверно до Моравија.

Во Македонија расте во појасот на дабовите шуми, помеѓу горунот и буката до 1400-1500 метри надморска височина, но на некои места може да биде многу поредок или да го нема. Распространет е речиси на целата територија на Македонија.

Опис Церот долговечен вид и може да доживее 200 години. Достигнува висина од 30 до 35 метра и дебелина на стеблото од 1,3 м. Рано се развива дебела мртва кора која е темносива, скоро црна, со длабоки надолжни пукнатини црвени на дното и ретки и тесни попречни. Младите гранчиња се влакнести, аглести, зеленикаво сиви.

Крошната е густа, темна, со ширококонусен облик. Пупките се доста ситни со бројни ситни, тесни јазичести ливчиња при основата, долги 2 см, карактеристични за церот. Листовите се поединечни, наизменично распоредени. Имаат променлив облик, обично се долги 8-14 см и широки до 8 см, со 7-8 парови засеци или неправилно назабен обод. Пораснатиот лист е нежно кожест, на лице сјаен, со интензивна зелена боја, на опачината посветол и благо влакнест, особено околу нервите. Петелката е долга 0,5-2,5 см. Разлистува нешто подоцна од стежерот, на крајот на април или во текот на мај. Листовите остануваат на гранките до доцна есен.

Цветовите се еднополни, машките собрани во долги реси, а женските поединечни во групи по 2-5, на кратки дршки. Цвета истовремено со разлистувањето.

Плодот е желад, долг околу 4 см и широк околу 2 см, при врвот малку сплескан, со ситно избраздена површина по должината. До 1/3 или 1/2 е покриен со купулата. Купулата е покриена со кожести стипули (шубареста).

Живеалиште Церот претежно е ксеротермен вид, приспособен на субмедитеранската и умерено континенталната клима на југоисточна Европа. Најмногу му одговараат подлабоки, доста суви, слабо кисели земјишта. Церот сака светлина. Во висина расте повеќе од плоскачот како и од горунот.

Поврзано Даб Стежер Горун Сладун Дрво (материјал) Желад

Наводи

Литература

Надворешни врски

Cer - Quercus cerris - Посетено на 1. 2. 2016. Grijanje na drva - kako povećati energetsku iskoristivost drveta - Посетено на 1. 2. 2016.

Категорија:Даб Категорија:Листопадни дрва Категорија:Флора на Европа Категорија:Шумарство Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Украсни дрва