десно|мини|320x320пкс|Торта со сирење и прелив од чоколадо Тортата со сирење или чизкејк () — сладок десерт што се состои од еден или повеќе слоеви. Главниот слој се состои од мешавина на свежa зденка или сирење, јајца, шеќер, а ако има долен слој тој се состои од бисквити, слатки крекери, колачиња или сунѓер торта. Обично се чува во фрижидер. На тортата со сирење обично се додава шеќер. Може да се стави на горниот слој овошје, шлаг крем, ореви, овошен сок или чоколадо. Тортата со сирење може да има повеќе додатоци, како што се: јагоди, лимета, костен и друго.

Историја Древен облик на торта со сирење можеби бил популарен во Стара Грција дури пред прифаќањето на Римјаните откога ја освоиле Грција.Dana Bovbjerg, Jeremy Iggers, The Joy of Cheesecake, Barron's Educational Series, 1989 Најстарото потврдено споменување на торта со сирење (чизкејк) е од грчкиот лекар Егимос (V век п.н.е.), кој напишал книга за уметноста на правење на торти со сирење.Callimachus, ap. Athen, xiv. p. 643, e Најраните постоечки рецепти се наоѓаат во книгата „За земјоделството“ од римскиот говорник Катон Постариот, кој вклучува рецепти за три торти за религиозни намени: libum, savillum и placenta.Cato the Elder, De Agri Cultura, paragraphs 75 and 76. Available in English on-line at: University of Chicago: Penelope (Note: The "leaves" mentioned in Cato's recipe are bay leaves.) Од трите, placenta е како повеќето современи торти со сирење, односно има кора што е одделно подготвена и печена.

Англиското име чизкејк се користи дури од XV век, но чизкејот не се развил во неговиот современ облик сè донекаде околу XVIII век. Европејците почнале да отстрануваат квасец и наместо тоа додавале јајца во тортата со сирење. Со исчезнувањето на огромниот вкус на квасец, исходот сега повеќе им изгледал како десерт.

Галерија

Наводи

Категорија:Торти