Брауншвајг (; долногермански: Brunswiek) — град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, северно од планинскиот масив Харц, сместен на најдалечната пловна точка на реката Окер, која го поврзува со Северното Море преку реките Алер и Везер.
Брауншвајг бил член на Ханзата од до век како силно и влијателно средиште за трговија во средновековна Германија. Претставувал главен град на три последователни држави: Кнежевство Брауншвајг-Волфенбител (1269–1432, 1754–1807 и 1813–1814), Војводство Брауншвајг (1814–1918) и Слободна Држава Брауншвајг (1918–1946).
Денес, Брауншвајг е втор најголем град во Долна Саксонија и главно средиште за научното истражување и развојот.
Потекло на името
Многу географски објекти и места низ светот се наречени Бранзвик (Brunswick), кое е историското англиско име на градот. Помеѓу 1714 и 1837 година, Хановерската династија владеела со Велика Британија во личен сојуз со Изборното кнежевство Брауншвајг-Линебург. Хановерската династија службено била позната како династија на Брауншвајг-Линебург, хановерска гранка. Поради тоа, многу места во британските колонии биле именувани по Бранзвик, како што е покраината Њу Бранзвик во Канада.
Иронично, градот Брауншвајг не бил владеен од династите, иако неговото име било дадено на многу места низ светот. Почнувајќи од 1269 година, Војводството Брауншвајг-Линебург поминало низ низа поделби и спојувања, со делови од неговата територија пренесувани низ различни огранки на династијата. Градот Брауншвајг бил во постарата гранка на династијата, Волфенбител, додека Линебург на крајот завршил со хановерската династија. Иако територијата била поделена, сите гранки на семејството продолжиле да се ословуваат како династија на Брауншвајг-Линебург. Во 1884 година, постарата гранка на велфската династија исчезнала. Хановерската династија, единствената жива гранка на семејството, подоцна го преземала престолот на Војводството Брауншвајг од ноември 1913 година до ноември 1918 година.
Географија Местоположба
Брауншвајг се наоѓа во Северногерманската Низина на линијата која ги дели северните подножја на Харц и поранешните мочуришта („гест“). Низ градот во насока југ-север поминува реката Окер.
Реката на југ преку една брана се пренасочува и низ градското јадро тече западно и источно во две корита, што било направено во средниот век, а подоцна во северозападниот дел на градот, реката повторно се спојува. Преку две дополнителни брани се регулира водостојот на реката во градското подрачје. Други водотеци се Вабе и Мителриде, кои во Брауншвајг се влеваат во Шунтер.
Градското подрачје зафаќа површина од 192 км², а градските граници имаат должина од 98 км. Насоката север-југ изнесува 19,1 км, а насоката запад-исток 15,7 км. Градското јадро се наоѓа на средна височина од 70 метри. Највисока точка претставува Гајтелдер Берг со 111 метри; најниска точка претставува брана на Окер со 62 метри.Stadt Braunschweig, Fachbereich Stadtentwicklung und Statistik Statistische Angaben über Braunschweig
Почнувајќи на североисток, па надесно, се граничи со следниве општини: Лере (округ Хелмштет), Кремлинген, Зикте и Волфенбител (сите во округот Волфенбител), Залцгитер (слободен град), Фехелде и Вендебург (округ Пајне) како и Швилпер, Фордорф и Мајне (сите во округот Гифхорн).
Градски единици
Градското подрачје од ноември 1981 година е поделено на 22 градски окрузи. Нивниот број бил намален на 21 единица под десет години (со спојување на Лендорф-Ламе-Канцлерфелд и Ватенбител-Елпер-Фелкенроде во Лендорф-Ватенбител), по уште десет години на 20Grenzen der Stadtbezirke. gültig bis 31. Oktober 2006 (PDF; 251 kB) oder Grenzen der Stadtbezirke. gültig vom 1. November 2006 bis 31. Oktober 2011 (PDF; 606 kB). (со спојување на Зидштат-Раутхајм и Машероде во Зидштат-Раутхајм-Машероде) и по десет години на 19Grenzen der Stadtbezirke. gültig ab 1. November 2011 (PDF; 189 kB). (со спојување на Вабе-Шунтер и Бинроде-Вагум-Бефенроде во Вабе-Шунтер-Бебербах). Моменталните 19 градски окрузи се:
мини|Поделбата на градски окрузи од 2011 година
112: Вабе-Шунтер-Бебербах 113: Хонделаге 114: Фолкмароде 120: Естлихес Рингебит 131: Иненштат 132: Фивегсгартен-Бебелхоф 211: Штекхајм-Лајферде 212: Хајдберг-Мелфероде 213: Зидштат-Раутхајм-Машероде 221: Вестштат 222: Тимерла-Гајтелде-Штидин 223: Бројцем 224: Рининген 310: Вестлихес Рингебит 321: Лендорф-Ватенбител 322: Фелтенхоф-Риме 323: Венден-Туне-Харксбител 331: Нордштат 332: Шунтерауе
Во секој градски округ се избира совет чиј број зависи од бројот на жители, најмалку 7, а најмногу 19 членови
Од статистички цели, градот е поделен и на 74 статистички окрузи, кои главно се нумерирани и носат историски имиња.
Клима
Градот Брауншвајг се наоѓа под влијание на поморската клима од запад и на континенталната клима од исток. Близината на Северното Море е одлучувачки фактор. Просечна годишна температура е 8,8 °C, годишно врне помеѓу 600 и 650 mm. Просечната температура во јули изнесува 17,5 °C, а во јануари 0,2 °C.
Историја Основање и рана историја
мини|десно|Замок Данквардероде
Датумот и околностите за основањето на градот се непознати. Според верувањето, Брауншвајг бил создаден со спојување на две населби, една основана од Брун(о), саксонски гроф кој умрел во 880 година, на едниот брег на реката Окер - легендата ја дава 861 година кога се случило основањет – и другата населба на легендарниот гроф Данквард, по кого е именуван замокот Данквардероде, кој бил обновен во век.H. Mack (1925): "Überblick über die Geschichte der Stadt Braunschweig, in: F. Fuhse (ed.), Vaterländische Geschichten und Denkwürdigkeiten der Lande Braunschweig und Hannover, Band 1: Braunschweig, 3rd edition, Braunschweig: Appelhans Verlag, p. 34. Првичното име на градот „Брунсвик“ (Brunswik) — комбинација на имињата Бруно и долногерманското „вик“ (поврзано со латинското vicus), место каде одмораат трговците и ги чуваат своите добра. Потоа, името на градот означувало идеално место за одмор, бидејќи се наоѓал на речен премин на реката Окер. Друго објаснување за името на градот е дека доаѓа од „бранд“ (Brand) или горење, што означува место кое се развило по чистење на местото по пожарот. Градот бил првпат споменат во документи од црквата „Св. Магни“ од 1031 година, каде било дадено името „Брунесгвик“ (Brunesguik).
Среден век и ран модерен период
мини|лево|Брауншвајг во век. мини|десно|Брауншвајгска катедрала „Св. Блазиус“ со скулптура од лав
До век, Брауншвајг бил владеен од саксонското благородничко семејство Брунони, а потоа, преку бракот, паднал под велфската династија. Во 1142 година, Хајнрих Лав од велфската династија станал војвода на Саксонија и го направил Брауншвајг свој главен град (кој, од 1156 година натаму, исто така вклучен во Војводството Баварија). Го претворил замокот Данквардероде, резиденција на грофовите на Брауншвајг, во негов пфалц и го развил градот. Во владеењето на Хајнрих била изградена Брауншвајгската катедрала на „Св. Блазиус“ и исто така поставил скулптура од лав, негово хералдичко животно, поставена пред замокот. Подоцна, лавот станал знаменитост на градот.
Хајнрих Лавот станал толку силен што се осмелил да ја одбие воената помош на царот Фридрих I Барбароса, што довело до негово прогонство во 1182 година. Хајнрих заминал во егзил во Англија. Претходно воспоставил врски со англиската круна во 1168 година, преку брак со кралската ќерка Матилда на Хенри II, сестра на Ричард I. Меѓутоа, неговиот син Отон, кој успеал да го поврати влијанието и на крајот станал свет римски цар, продолжил да го развива градот.
Во текот на средниот век, Брауншвајг бил важно трговско средиште, еден од стопанските и политичките средишта во Северна Европа и член на Ханзата од век до средината на век. До 1600 година, Брауншвајг бил седми најголем град во Германија. Иако формално една од резиденциите на владетелите на Војводството Брауншвајг-Линебург, составна држава на Светото Римско Царство, Брауншвајг де факто бил владеен независно од силните патриции и еснафи низ доцниот среден век и раниот модерен период. Поради растечката моќ на граѓаните на Брауншвајг, принцовите на Брауншвајг-Волфенбител, кои владееле со една единица на Брауншвајг-Линебург, на крај ја преместиле резиденцијата надвор од градот, во блискиот град Волфенбител во 1432 година. Принцовите не ја вратиле контролата над градот до крајот на век, кога војводата Рудолф Август го преземал градот по опсада. Во век, Брауншвајг не бил само политички, туку и културен центар. Под влијание на филозофијата на просветителството, војводите Антони Улрих и Карл I станале патрони на уметностите и науките. Во 1745 година, Карл I го основал Колегиум Каролинум (Collegium Carolinum), претходник на Брауншвајшкиот технички универзитет и во 1753 година ја преместил војводската резиденција назад во Брауншвајг. Со ова привлекол поети и мислители како Лесинг, Лајзевиц и Јакоб Мовијон во градот. Емилија Галоти од Лесинг и Фауст на Гете биле првпат изведени во Брауншвајг.
век
мини|лево|Ландтагот, седиштето на Војводството и на Слободната Држава Брауншвајг.
Во 1806 година, градот бил окупиран од страна на Франција при Наполеоновите војни и станал дел од краткотрајното Кралство Вестфалија во 1807 година. Пребегнатиот војвода Фридрих Вилхелм собрал волонтерски трупи, Црните брауншвајзи, кои се бореле со Французите во неколку битки.
По Виенскиот конгрес во 1815 година, Брауншвајг станал главен град на обновеното независно Војводство Брауншвајг, подоцна составна држава на Германското Царство од 1871 година. Во настаните по Јулската револуција во 1830 година, војводата на Брауншвајг, Карл II бил принуден да се повлече. Неговиот апсолутички владејачки стил претходно ги оддалечил благородништвото и буржоазијата, додека ниските класи биле незадоволни од лошата стопанска состојба. Ноќта на 7-8 септември 1830 година, војводската палата во Брауншвајг била пробиена од лутата толпа, запалена и целосно уништена.Gerhard Schildt (2000): Von der Restauration zur Reichsgründungszeit, in Horst-Rüdiger Jarck / Gerhard Schildt (eds.), Die Braunschweigische Landesgeschichte. Jahrtausendrückblick einer Region, Braunschweig: Appelhans Verlag, pp. 753–766. . Карл бил наследен од неговиот брат Вилхелм VIII. При владеењето на Вилхелм биле направени либерални реформи и бил засилен парламентот на Брауншвајг.
Во век, индустријализацијата предизвикала брз развој на населението на градот, што довело градот по првпат значително да се прошири надвор од неговите средновековни бедеми и реката Окер. На 1 декември 1838 година бил отворен првиот дел од железничката линија Брауншвајг-Бад Харцбург, што ги поврзувала Брауншвајг и Волфенбител и претставувала прва железничка линија во Северна Германија.E. Oppermann (1911): Landeskunde des Herzogtums Braunschweig. Geschichte und Geographie. Braunschweig: E. Appelhans, p. 64.Neubauer, Jürgen / Salewsky, Dieter (1988): 150 Jahre 1. Deutsche Staatseisenbahn Braunschweig-Wolfenbüttel. Braunschweig: Joh. Heinr. Meyer Verlag. .
Почеток и средина на век
мини|десно|Брауншвајг околу 1900 година. мини|лево|Брауншвајг ноќта на 15 октомври 1944 година