Биоко (шпански, француски и португалски: Bioko или Bioco), а за време на португалската колонијална управа познат како Фернандо По (Fernando Poo) е остров во Екваторска Гвинеја. Островот е оддалечен 32 км од западниот брег на Африка. Островот е поблиску до брегот на Камерун, одошто со копнениот дел на Екваторска Гвинеја. Вкупната површина на островот според пописот од 2005 година изнесува 334,463 жителиCensus 2015, DGECN, Equatorial Guinea. и има вкупна површина од 2017 км2. На островот се наоѓа главниот град на Екваторска Гвинеја - Малабо.
Географија Биоко има вкупна површина од 2017 км2 и се наоѓа во Гвинејскиот Залив. Островот е долг 32 км во правец север-југ. Островот е вулкански и планински и највисок врв е Пико Басиле со 3012 метри надморска височина. Островот по гео-морфолошките и релјефни одлики наликува на соседните острови Саун Томе и Принсип. До пред 10.000 години Биоки бил крајниот дел на полуостров кој излегувал од брегот на денешен Камерун.
Население Според пописот од 2005 година, островот имал вкупно население од 334,463 жители. Историско староседелско население биле Бубијците, кои денес претставуваат 58% од населението. Покрај нив, на островот живеат Фанг со 16%, Фернандинци со 12% и Игбо со 7%.
Поврзано Малабо Екваторска Гвинеја
Наводи
Room, Adrian (1994). African placenames. Jefferson, North Carolina (USA): McFarland. Sundiata, Ibrahim K. (1990). Equatorial Guinea: Colonialism, State Terror, and the Search for Stability. Boulder, Colorado (USA): Westview Press.
Надворешни врски
Програма за заштита на биолошкиот свет на Биоко Група за конзервација на Гвинејскиот Залив
* Категорија:Поранешни колонии на Португалија Категорија:Поранешни колонии на Шпанија