Анико Ковачич (родена на 29 август 1991) е унгарска ракометарка, која игра на позицијата среден бек за Ференцварош и за унгарската репрезентација.
Животопис Таа има двајца помали браќа Петер и Ференц и двајцата се професионални ракометари. Петер во моментов игра за истиот клуб како и неговата сестра, Ференцварош.
Кариера Клупска кариера Анико започнала да тренира ракомет на 10 години. Основите на ракометот ги запознала во локален ракометен клуб од градот Брезенце, a потоа se префрлила во НКЦ Чургои. Подоцна, играла за НКК Наѓитад за во 2006 година да му се приклучи на најпознатиот унгарски женски ракометен клуб Ѓер Ауди ЕТО. Како една од најталентираните ракометарки на Ѓер во тоа време, многумина ја сметале Ковачич за наследник на славната Анита Гербиц. Во сезоната 2006-2007 играла за младинскиот состав на Ѓер во младинското првенство Унгарија. Во својата прва сезона во Ѓер, таа ги освоила младинското првенство и студентските олимписки игри, а исто така играла и во втората лига на Унгарија за вториот тим на Ѓер, каде била многу успешна и постигнувала скоро осум гола по натпревар. Од сезоната 2007-2008 била приклучена во првиот тим на Ѓер. Таа била активен учесник во најголемите меѓународни успеси на ЕТО, освојувањето на Лигата на шампионите во 2013 и 2014 година. Ковачич поминала 10 години во ЕТО, по доаѓањето во 2006 година од Наѓатад, а во својата втора сезона веќе ги освоила своите први професионални титули во унгарското првенство и Купот на Унгарија. Вкупно со Ѓер освоила 8 унгарски првенства, 9 унгарски купа и 2 титули во Лигата на шампионите.
Во март 2016, изненадувачки, Ковачич најавила дека ќе го напушти Ѓер и дека ќе ја продолжи својата кариера во најголемиот соперник Ференцварош. Во својата прва сезона со ФТЦ го освоила Купот на Унагрија. На 14 октомври 2018, во натпреварот од Лигата на шампионите против норвешкиот Вајперс Кристиансанд при резултат 26-26 на неколку секунди до крајот натпреварот норвежанките имале напад, но Ковачич пресекла едно додавање и во противнапад на другата страна постигнала гол во последната секунда со кој му донела победа на својот тим;FTC leave it late while Bietigheim take important winCool Kovacsics таа исто така била и најдобриот стрелец на натпреварот со 7 гола.2018/19 FTC-Rail Cargo Hungaria 27-26 Vipers Kristiansand Women's EHF Champions League Match Details
Репрезентативна кариера Ковачич била член на унгарскиот јуниорски тим, кој го освоил сребрениот медал на јуниорското Европско првенство 2009. Од 2009 година, таа е репрезентативка на сениорската репрезентација на Унгарија. На Европското првенство 2012 година, таа освоила бронзен медал со унгарската репрезентација.
Титули Ѓер Унгарско првенство (8) : 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2016 Куп на Унгарија (9) : 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 Лига на шампиони (2) : 2013, 2014
Ференцварош Куп на Унгарија (1) : 2017
Наводи
Надворешни врски Анико Ковачич на eurohandball.com Статистика на кариерата на Worldhandball
Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Унгарски ракометарки Категорија:Ракометарки на Ѓер Категорија:Ракометарки на Ференцварош