Виљуј (; ) — река на Средносибирската Висорамнина, најдолга притока на Лена. Долга е 2.650 км и тече претежно низ Јакутија, со помал дел во Краснојарскиот крај. Сливот се протега на површина од . Просечниот истек во устието изнесува .Vilyuy at Khatyryk-Khomo , УНЕСКО: Водни ресурсиСе чини дека, на страницата на Ленгидропроект — «Гидроузлы на р. Вилюй»  — се изведува нешто повисок истек.Виљуј кај Сунтар , УНЕСКО: Водни ресурси

Течение Извира во Евенкија и протекува на исток, набргу навлегувајќи во Јакутија. Потоа свртува на југ и југоисток, а потоа на исток, па се влева во Лена кај Сангар, околу 350 км низводно од градот Јакутск. На запад од Виљуј и Чона се простира сливот на Долна Тунгуска Река.

Притоки Поважни притоки на реката Виљуј се следниве: Десни Улахан Вава Чиркуо Чона Чибида Улахан Ботуобуја Очугуј Ботуобуја Бапагај

Леви Ахтаранда Игијата Марха Тјукјан Тјунг

Населени места Сливното подрачје на Виљуј е мошне слабо населено. Во поречието се среќаваат малите населени места Виљујск, Верхневиљујск, Сунтар и Њурба.

Историја Реката за првпат се споменува во XVII век во врска со освојувањето на Сибир. Во 1634 г. Козаците под водство на Шахов изградиле зимска населба во спојот на реките Виљуј и Ткукјан. Оваа населба служела како управно седиште на подрачјето неколку децении, по што е преместена 45 км низводно по Виљуј, каде во 1773 г. е основана утврдената населба Оленск (денешен Виљујск).

Во 1950-тите во околината на реката се откриени лежишта на дијаманти, на далечина од 700 км од устието. Ова довело до создавањето на рударскиот коп „Мир“, заедно со пристапни патишта и аеродром, како и редица брани за напојување на рудничките погони.

Наводи

Надворешни врски

Виљуј — Енциклопедија Британика А. Гаврилов, Виљуј , Голема руска енциклопедија, 2001 г.

Категорија:Реки во Јакутија Категорија:Реки во Краснојарскиот крај Категорија:Ленски слив