Грегоријански календар — календар кој денеска се користи во Европа, поранешните европски колонии како и поголемиот дел од светот. Тој е изменета верзија на јулијанскиот календар, и првпат бил предложен од неаполскиот доктор Алојзиј Лилиј, а бил прифатен со декрет на папата Григориј XIII, по кого е и наречен.

Кога стапил на сила во 1582 година, биле избришани 10 дена од сончевата година. Така последен ден од јулијанскиот календар бил 4 октомври 1582, а прв ден од грегоријанскиот календар бил 15 октомври 1582 година. Во Македонија стапил на сила дури во 1919 година (вид. подолу). мини|Папа Григориј XIII Месеци во годината Годината во грегоријанскиот календар е поделена на 12 месеци: Бр. Име Денови 1 јануари 31 2 февруари 28 или 29 3 март 31 4 април 30 5 мај 31 6 јуни 30 7 јули 31 8 август 31 9 септември 30 10 октомври 31 11 ноември 30 12 декември 31

Лесен начин да се запамти колку дена има даден месец е да се стиснат двете раце во тупаници и да се доближат една со друга кај палците. Потоа се бројат коските и вдлабнатините меѓу прстите. Почнувајќи, од коската на малиот прст на левата рака, се набројуваат месеците од јануари. Броејќи коска, вдлабнатина, коска, вдлабнатина сè до декември. Коските претставуваат месеци со 31 ден, вдлабнатините претставуваат месеци со 30 дена (со исклучок на февруари).

Седмици и денови Грегоријанскиот календар е сончев календар, зависи од вртењето на Земјата околу Сонцето. Според грегоријанскиот календар секоја година има 365,2425 дена, секој ден 24 часа, секој час 60 минути, секоја минута 60 секунди.

Период од седум дена се нарекува седмица. Деновите од седмицата се:

Бр. Име 1 понеделник 2 вторник 3 среда 4 четврток 5 петок 6 сабота 7 недела

Усвојување на државно ниво Во прво време, бидејќи папата нема световна власт освен во папската држава (Ватикан), грегоријанскиот календар важел само за Римокатоличката црква. Во текот на првите децении по воведувањето прво го прифатиле државите во кои католичкото христијанство било официјална религија, додека протестантските држави и заедници го игнорирале или одбивале. Повеќето земји од Западна Европа, нивните колонии и државите кои произлегле од нив го имале прифатено календарот до средината на XVII век. Јапонија го прифатила во 1873 година, Кореја во 1895 г., а Кина во 1912 г. Во Советскиот Сојуз е прифатен во 1918 година, а последна европска земја што го прифатила била Грција во 1923 г.

Година Држави / Области 1582 Шпанија, Португалија, Франција, Полско-литванската Државна Заедница, Италија, католичките Ниски Земји, Луксембург 1584 Бохемија, некои католички швајцарски кантони 1610 Прусија 1648 Алзас 1682 Стразбур 1700 Протестантските Ниски Земји, Данска–Норвешка, некои протестантски швајцарски кантони 1752 Велика Британија, Ирска, и "Првата" Британска Империја (1707–1783) 1753 Шведска Империја, вклучително и Финска 1873 Јапонија 1875 Египет 1896 Кореја 1912 Кина, Албанија 1915 Латвија, Литванија 1916 Бугарија 1917 Османлиска Империја 1918 Украина, Русија 1919 Романија, Југославија 1923 Грција 1926 Турција 2016 Саудиска Арабија

Во Македонија Во Македонија, како дел од Кралството СХС, со закон стариот јулијански календар престанал да важи на 14 јануари 1919 година, а наредниот ден, 15 јануари, започнал да важи грегоријанскиот календар според кој се бележел како 28 јануари 1919 г.Закон о изједначењу старог и новог календара. Ова се однесува само на Вардарска Македонија. Во Пиринска Македонија во состав на Бугарија промената е направена на 14 април 1916 г., а во Егејска дури на 1 март 1923 г. кога е спроведена во цела Грција.Über die Abbildung der Zeit durch Kalender (PDF), стр. 5

Македонскиот црковен календар до денес останува непроменет и се води по јулијанскиот.

Прифаќање од другите христијански цркви Наспроти граѓанските прифаќања, ниту една православна црква го нема признаено грегоријанскиот календар за црковни или религиозни намени. Наместо тоа, во мај 1923 година била предложена нова верзија на јулијанскиот календар, кој испуштил 13 дена во 1923 година и вовел поинаква престапна година. До 2003 година овој и грегоријанскиот календар нема да се разликуваат. Ревидираниот јулијански календар го прифатиле Цариградската патријаршија, Грчката православна црква од Александрија, Грчката православна црква од Антиохија, како и националните православни цркви на Грција, Кипар, Романија и Бугарија. До 2800 година овие новокалендарски цркви ќе го прославуваат Божиќ на 25 декември според грегоријанскиот календар, на ист ден како западните цркви.

Ерменската апостолска црква го прифатила грегоријанскиот календар во 1923 година, со исклучок на Ерменскиот патријахат од Ерусалим, којшто сè уште го користи јулијанскиот календар.The Armenian Church | Christmas (c. 2010). Diocese of the Armenian Church of America (Eastern).Ardem A. Tajerian (n.d.). When Is Easter This Year? CAKE Foundation. Retrieved 7 January 2009.

Грчката православна црква на Ерусалим, Руската, Српската, Македонската, Полската православна црква, грузиските православна и апостолска црква, како и грчките старокалендарци го немаат прифатено ревидираниот јулијански календар и продолжуваат да го прославуваат Божиќ на 25 декември според јулијанскиот календар, кој до 2100 година ќе се паѓа на 7 јануари. Одбивањето да се прифатат грегоријанските реформи исто така влијае на различното пресметување на датумот за Велигден кај овие цркви.

Од сите други источни цркви, православните Коптска, Етиопска, Еритрејска и Сириска продолжуваат да ги користат своите стари календари кои се засноваат на јулијанскиот, додека кога Асирската црква го прифатила грегоријанскиот календар во неа се случила шизма и од неа се одделила Старовремската асирска црква.

За разлика од другите источни цркви, Финската православна црква го прославува Велигден според грегоријанскиот календар.

Поврзано Јулијански календар Календар

Наводи

Категорија:Календари