Ји (шпански: Río Yí) е река во Уругвај. Реката Ји е главна притока на реката Рио Негро, која пак е главната река во државата Уругвај. Ји, заедно со Рио Негро се притоки на поголемата река Уругвај.

Географија Реката Ји извира во висорамнините Кучилја Гранде. Реката има вкупна должина од 210 км. Ји претежно тече низ централните делови на Уругвај. Како притоки на реката Ји се јавуваат реките Поронгос и Чаманга.

Реката Ји е природна граница во голем дел помеѓу департманите Дуразно и Флорида. Понатака, реката е и природна граница помеѓу, преку своите притоки на департманите Дуразно и Флорес.

Поврзано Рио Негро Река Уругвај

Наводи

Категорија:Реки во Уругвај Категорија:Притоки на реката Уругвај