Моравска операција или битка на Морава — операција преземена од страна на Првата бугарска армија помеѓу 14 октомври 1915 до 9 ноември 1915 година, како дел од стратегиската офанзивна операција на Армиската група Макенсен против Србија во 1915 година. Под команда на генерал-полковник Климент Бојаџиев, Бугарите ги зазеле утврдените области околу Пирот, Ниш и долината на реката Морава. Како резултат на тоа, српските сили биле принудени да се повлечат кон Косово и Метохија.

На почетокот поради силниот отпор на бранителите и тешкиот терен, бугарскиот напредок бил бавен, но бидејќи бранителите биле многу побројни, имало бугарски пробив кај Пирот по 10 дена, а Србите се повлекле во Тимок.

Битката продолжила 27 дена и Бугарите навлегле до 90 километри длабоко на српската територија. Србите имале 6.000 жртви.

Наводи

Категорија:Битки на Бугарија во Првата светска војна Категорија:Битки на Србија во Првата светска војна Категорија:Битки на Балканското боиште (Прва светска војна) Категорија:Судири во 1915 година