„Недискретно“ (англиски: Indiscreet) – американско-британски филм од 1958 година, во режија на Стенли Донен, а според сценариото на Норман Красна. Во главните улоги настапуваат: Кери Грант, Ингрид Бергман, Сесил Паркер и Филис Калверт. Филмот бил кандидиран за наградата „Златен глобус“ во три категории (најдобра комедија, најдобар глумец и најдобра глумица), како и за наградата БАФТА, во две категории. Првобитно, било објавено дека главната женска улога ќе ја толкува Мерлин Монро или Џејн Менсфилд, додека главната машка улога била наменета за Кларк Гејбл.HRT (пристапено на 28.10.2018)Индискреција (пристапено на 1.12.2025)
Синопсис Лондонската глумица Ана Калман не успева да ја пронајде љубовта на својот живот. Поради тоа, таа порано се враќа дома од одморот на Мајорка: мажот кого го запознава таму и кој на почетокот ѝ се допаѓа, подоцна се покажува во поинаква светлина. По враќањето, таа го запознава шармантниот Филип Адамс, деловен соработник на нејзиниот зет, дипломатот Алфред Мансон. Филип најпрвин тврди дека во неговиот живот не постои госпоѓа Адамс, но кога Ана го кани на состанок, тој објаснува дека „госпоѓата Адамс не е во Лондон“, зашто заминала дома во Сан Франциско. Сепак, Ана одлучува да га покани на балет, а тој прифаќа со забелешка дека, без оглед на тоа што ќе се случи меѓу нив, тој не може да ја остави сопругата. Како што минува времето, тие се заљубљуваат, но нивната среќа трае само додека Филип има договор са НАТО во Париз. Кога Филип го преместуваат во Њујорк на пет месеци, Ана сфаќа дека не може да живее без него и да сака да се венчаат. Набргу, Ана дознава нешто од Филиповото минато што претставува закана за нивната врска. Ана сака да му приреди на Филип една ноќ која тој никогаш нема да ја заборави, но и најдобрите планови тешко се остваруваат.
Наводи
Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Лондон Категорија:Филмови на Стенли Донен Категорија:Филмови со Кери Грант Категорија:Филмови со Ингрид Бергман Категорија: Американски филмови Категорија: Британски филмови Категорија: Филмови од 1958 година Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Филмски комедии