мини|300п|десно|Рибари во Островско Езеро за време на Првата светска војна. Островско Езеро (, Вегоритида) — езеро во Егејска Македонија, денес во Грција, дел од групата на Егејските езера. Понекогаш се среќава и под името Свети Панталејмон.
Езерото зафаќа дел од териториите на Леринскиот и Постолскиот Округ. Во североисточниот дел на Островската Котлина меѓу планините Ниџе на север и Каракамен на југ. Надморска му висина изнесува 543 м. Тоа е едно од најдлабоките езера во Грција (70 метри). Тоа е долго 15, а широко 7 километри,Александар Матески, „Островско и Петерско Езеро“, Економија и бизнис, година 27, број 319, 15 септември 2024, стр. 52. но неговата површина е многу намалена по изградбата на две хидроцентрали кај Суровичево и Теово, така што денес неговиот југозападен дел е наполно пресушен. Езерото се полни од Петерското Езеро, западно од него, како и од реките Биралска, Ословска и Делова (Аспропотамос) и некои други помали рекички.
Езерското подрачје има повеќе населени места кои припаѓаат на општините Воден и Суровичево. Покрај градот Острово (Арниса) и селото Чеган од неговата северна страна, по крајбрежјето се сместени селото Пателе (Агиос Пантелејмонас) од западната и селата Коларица (Мањаки), Уклемеш (Фаранги) и Кочана (Переја) од источната страна.
Фауна Островското и Петерското Езеро сочинуваат заеднички екосистем, во кој живеат повеќе од 130 видови птици, цицачи како и видри и уникатни видови риби како Coregonus lavaretus. На овој простор е живеалиште и на ретки и загрозени видови птици.
Тука се гнездат:
ноќна чапја (Nycticorax nycticorax) жолта (гривеста) чапја (Ardeola ralloides) мала бела (сребреникава) чапја (Egretta garzetta)
Пошироко кај езерото исто така гнездат:
мал воден бик (Ixobrychus minutus) мал корморан (Phalacrocorax pygmeus) египетски (бел) мршојадец (Neophron percnopterus) орел змијар (Circaetus gallicus) блатна еја (Circus aeruginosus) ливадска еја (Circus pygargus) лисест (белоопашест) глувчар (Buteo rufinus) златен (скалест) орел (Aquila chrysaetos) речна рибарка (Sterna hirundo)
Можат да се забележат и:
белоопашест орел (Haliaeetus albicilla)
Меѓу водните птици можат да се видат:
цуцулест нуркач (Podiceps cristatus) патка превез (Netta rufina) лиска (Fulica atra'')
Надворешни врски
Слика на Островското и Петерското Езеро Слика на Островското езеро и Острово Слика на Островското езеро и село Чеган Слики на Островското Езеро Авионски слики на Островското Езеро
Наводи
Категорија:Езера во Егејска Македонија Категорија:Лерин (округ) Категорија:Постол (округ) Категорија:Споменици на културата во Суровичево (општина) Категорија:Споменици на културата во Воден (општина)