Нора Лилијан Олкок (; позната и како Нора Лилијан Лепартhttps://www.thegazette.co.uk/Edinburgh/issue/14634/page/331/data.pdf и Нора Лилијан Леопардhttps://plants.jstor.org/stable/history/10.5555/al.ap.person.bm000341478, - ) беше пионер во полето на растителна патологија и првиот овластен растителен патолог во Шкотска.
Живот Нора Лилијан Скот е родена во 1874, ќерка на Еџворт Леонора Хил и сер Џон Скот, правниот советник на Кедиве од Египет. Веројатно нема високо формално образование. Се мажи во 1905 со Натаниел Хнери Олкок, радиолог и се преселува во Канада. Кога нејзиниот сопруг умира од рак во 1913, таа и четирите деца се враќаат во Велика Британија.
Работа По нејзиното враќање во Лондон, Олкок добива позиција во Лабораторијата за растителна патологија на Министерството за земјоделство, Кралски ботанички градини во Кју. За време на нејзината работа, Олкок развива стручно познавање во микологија под раководство на сер Џон Фрајер, Џон Рамсботом и професор дама Хелен Гвин-Вон. Олкок станува стипендист на Линенското друштво во 1922, а во 1924 се преселува во Единбург за позицијата на растителен патолог при Одделот за земјоделство и рибарство. Нејзината позиција е со седиште во Единбургските кралски ботанички градини и се фокусира на користење здрави семиња за зголемување на производството на храна. Нора се пензионира во 1937.
Одликувања и признанија Како резултат на нејзиното истражување за габични инфекции, поточно заболувањето црвено јадро кај јагодите, Олкок се здобива со MBE во 1935. Нејзината работа развива сорти отпорни на болести и каталогизирани болести кои се пренесуваат преку семе.
Во 1924 Олкок станува првиот човек што ја држи новата позција на растителен патолог при Министерството за земјоделство и рибарство.
Нејзината биографија е напишана од Чарлс Едвард Фоистер.
Во Единбургските кралски ботанички градини може да се најде меморијалната плоча посветена на Нора Лилијан Олкок.
Други достигнувања За време на Втората светска војна, таа им предава ботаника на воените заробеници. Член е на Националната федерација за бизнис и професионални женски клубови, како и на Единбургските сороптимисти.
Наводи
Надворешни врски Women of Scotland Mapping Memorials to Women in Scotland – Nora Lilian Alcock Whois.com Nora Lilian Alcock Biography International Women in Science - A Biographical History to 1950 - Entry for Nora Lilian Alcock
Категорија:Родени во 1874 година Категорија:Починати во 1972 година Категорија:Членови на Редот на Британската Империја Категорија:Британски биолози Категорија:Британски научници Категорија:Членови на Линеевското друштво во Лондон Категорија:Британски ботаничари