Три точки (се пишуваат и бележат со …) — интерпункциски знак кој означува дека текстот е изоставен, ненаведен или недовршен.
Употреба
Три точки се пишуваат:
на крајот на незавршен исказ или во средината на реченицата ако се јавува прекин. Пред нив нема белина (празно место), односно се пишуваат веднаш зад последниот збор, а по нив има белина.
во незавршен исказ од прашални или извични реченици;
за означување застој во говорот или при испрекинато зборување;
при пренесување делови од разговор (телефонски, електронски) за обележување застој и подолга пауза во исказот;
за означување прекин на натамошно набројување;
Во овој случај, наместо трите точки, може да употребиме зборови и кратенки, како: и така натаму (итн.), и слично (и сл.), и друго (и др.).
Наводи
Категорија:Интерпункција Категорија:Типографски знаци