Коса црта (/) е правописен знак. Се пишува со или без белина од двете страни.

Коса црта со белини од двете страни се пишува:

при одделување стихови кога не се подредени еден под друг; На пример:

Се к’ти ноќта црна! / Се рути карпа — мрак! / И петли в село пеат / и зората се зори — / над карпа в крв се мие / и темнината пие / силно / светнал / ден!

при одделување строфи кога не се подредени една под друга, се пишуваат две црти; На пример:

Како на вратот ѓердани / ниски камења студени, / така на плешки денови / легнале та натежнале // Денови ли се — денови / аргатски маки големи!

Без белина се пишува:

меѓу два збора наместо зборовите и, или, односно, напоредно; На пример:

Употреби ги трите вида множина на именката сноп: снопови/снопа/снопје, во реченици.

при означување два последователни временски интервала: часови, денови, месеци, годишни времиња, години, векови; На пример:

Учебна 2018/2019 година.

Новата колекција есен/зима излезе во списанието.

изразување сооднос на величини кога е испуштен предлогот; На пример:

Дозволената брзина е 50 км/ч. (се чита: километри на час)

во адреси наместо низ; На пример:

Ул. Социјалистичка зора бр. 2/3/22. (број 2, влез 3, стан 22)

Наводи

Категорија:Интерпункција