Точка се користи како интерпункциски и како правописен знак.

Употреба Интерпункциски се пишува:

на крајот од расказните реченици, (на пример: Денес ќе ручаме подоцна.) и на крајот од речениците со кои се искажува блага заповед (на пример: Јади убаво, те молам.).

Правописно се пишува: кај скратениците; (На пример:) и сл., и др., итн., г. (но, не кај сите! Види: Скратеници и скратување на зборовите.) кога набројуваме зад редните броеви ако се напишани со арапски цифри; кај датумите исто така, ако се напишани со арапски цифри се пишува, а ако се напишани со римски цифри не се пишува точка;

Не се пишува во следните случаи: по скратувања на зборови што завршуваат со точка како правописен знак; (На пример:) Најголем успех нашето училиште имаше 2009 г. по други интерпункциски знаци на крајот од реченицата (извичник, прашалник, три точки); (На пример:) Каде беше до сега? Влези внатре!

Наводи

Категорија:Интерпункција