Јужниот Андамански Остров е најјужниот остров на Големите Андамански Острови и е најгусто населен од сите острови. Тој и припаѓа на Јужната Андаманска административна област, која е дел од индиските сојузни територии на Андамански и Никобарски Острови. Овде се наоѓа Порт Блер, главниот град на целиот архипелаг.

Историја Во поновата историја овој остров бил тешко погоден од цунамито по земјотресот на 26.12. 2004 година, во Индискиот Океан, што довело до смрт на многу од жителите на островот.

Географија Островот му припаѓа на ланецот на Големите Андамански Острови. Некои делови на островот се забранети области за лица кои не се од индиска националност, а дозвола за транзит може да се добие од соодветното министерство на владата. Овој остров е трет по големина и се наоѓа јужно од Средниот Андамански Остров и Баратанг, од кои е одделен со природен канал, широк неколку стотини метри. Островот е долг 83 километри, а најголемата широчина изнесува 28 километри и е со површина од 1262 км2. Островот е најмалку брдест од сите Северни Андамански Острови, а највисокиот врв изнесува 459 метри надморска височина.мапа

Администрација Островот и припаѓа на административната област на Порт Блер и Фераргунџ.

Демографија Порт Блер, главниот град на островите, се наоѓа на јужниот дел од овој остров. Други големи градови се: Бамбуфлет, Протрапур и Гарачарма. Според пописот од 2011 година, населението на територијата на Северните Андамански Острови изнесувало 209.602 жители. Населението на целата територија на Андамани и Никобари, според пописот од 2001 година, изнесувало 356.152. Делотворната стапка на писменост (односно стапката на писменост на населението со исклучок на децата на возраст од 6 години и помали) е 80.6%. +Демографија (2011 попис)ВкупноМажиЖениНаселение20960211198097622Деца под 6 години214981095410544Касти000Племиња2553 12871266Писмени168924 9371775207Вработени (сите)85131 6814316988Главни работници (вкупно)75885 6168514200Главни работници: земјоделци3054 2130924Главни работници: земјоделски работници12291042187Главни работници: работници во домаќинства и индустрија624463161Главни работници: други709785805012928Маргинални работници (вкупно)924664582788Маргинални работници: земјоделци412293119Маргинални работници: земјоделски работници613465148Маргинални работници: работници во домаќинства и индустрија18110378Маргинални работници: други804055972443Невработени1244714383780634

Галерија

Наводи

Категорија:Андамани и Никобари Категорија:Архипелази во Индискиот Океан