Диего Гарсија () — атол што се наоѓа малку појужно од екваторот, сместен во средиштето на Индискиот Океан, а е најголемиот од 60-те мали острови кои го чинат архипелагот Чагос. Тој бил француска колонија во 1790-тите години, но по Наполеоновите војни потпаднал под британска власт. Под британска власт бил една од „Зависностите“ (англ. Dependencies) на британската колонија Маврициус, сè додека не бил одвоен од Маврициус за да биде приклучен кон новосоздадената Британската Индоокеанска Територија (БИОТ) во 1965 година.

Помеѓу 1968 и 1973 година, населението на островот било насилно протерано од Обединетото Кралство и САД, за да се изгради американска воена база на островот. Голем број жители на островот биле депортирани на Маврициус и на Сејшелите, по што САД изградиле голема поморска и воена база, која оттогаш е во континуирана операција. До август 2018 година, Диего Гарсија е единствениот населен остров на BIOT; населението е составено од воен персонал и помошни изведувачи. Тој претставува една од двете критични американски бази бомбардери во подрачјето на Азија–Тихоокеанија, заедно со воздухопловната база Андерсен (англ. Andersen Air Force Base), која се наоѓа на островот Гуам во Тихиот Океан.

Атолот се наоѓа 3.535 км источно од брегот на Танзанија, 1.796 км југозападно од јужниот дел на Индија (градот Канијакумари) и 4.723 км северозападно од западниот брег на Австралија (кај Кејп Рејнџ националниот парк, Западна Австралија). Диего Гарсија лежи на најјужниот дел од морскиот гребен Чагос-Лакадив, кој претставува огромен подводен планински венец, чии врвови се составени од корални гребени, атоли и острови како што се Лакадиви, Малдиви и архипелагот Чагос. Месното време е UTC+06:00 во текот на целата година (нема летно сметање на времето).

На 23 јуни 2017 година, Генералното собрание на ООН гласало за упатување на територијалниот спор меѓу Маврициус и Велика Британија до Меѓународниот суд на правдата со цел да се разјасни правниот статус на островите на архипелагот Чагос во Индискиот Океан. Предлогот беше одобрен со мнозинство гласови, со 94 гласа за и 15 против.

Во септември 2018 година, Меѓународниот суд на правдата во Хаг ги разгледувал аргументите на случајот во врска со тоа дали Британија го прекршила суверенитетот на Маврициус кога ги зазела островите за свои цели. мини|264x264px|Сателитска снимка на островот Диего Гарсија Историја

Историја на островот пред неговото откривање од Европејците мини|Кокосова плантажа, Ист Поинт (поранешно главно населено место)|алт=|276x276пкс Според усното предание на населението од Јужните Малдиви, во минатото имало случаи на трговци и рибари кои случајно завршувале на некој од островите од Чагос, откако биле загубени на море. Меѓутоа, различните атоли на Чагос немаат поединечни имиња во усното предание на жителите на Малдивите.

Ништо не е познато за историјата на островот Диего Гарсија пред неговото откритие од страна на Европејците. Постојат различни шпекулации дека островот веројатно бил посетуван од австронезиски народи околу 700-тата година, или дека можеби бил посетуван од Арапите, кои во 900-тата година стигнале до Лакадивите и Малдивите, но ниедна од овие теории не е докажана.

Откривање од Европејците Се смета дека првиот Европеец кој го открил островот бил португалскиот навигатор, истражувач и дипломат Педру ди Машкаренаш за време на неговото патување во 1512 — 1513 година. Тој го именувал островот Дом Гарсија, во чест на неговиот покровител, Дом Гарсија де Нороња. Островот повторно бил откриен од страна на друга португалска експедиција, во 1544 година, предводена од шпанскиот истражувач Диего Гарсија де Могер, кој островот го именувал по себе. мини|Чагосанец, фотографиран во 1969 г.|алт=|314x314пкс Картата на Себастијан Кабот (Антверпен, 1544 година) покажува голем број острови на југ, кои може да претставуваат Маскаренските острови. Првата карта која идентификува и именува група на острови под името „Лос Чагос“ (Los Chagos), кои точно се поклопуваат со постоечките острови, е онаа на Пјер Деселије (Дјеп мапите од 1550 година), иако островот Диего Гарсија не е именуван. Остров наречен „Дон Гарсија“ се појавува во атласот Theatrum Orbis Terrarum на Абрахам Ортелиј (Антверпен, 1570 година), заедно со името „Дос Компањос“ (Dos Compagnos), малку на север. Герард Меркатор го именувал островот како „Дон Гарсија“ во својата светска мапа Nova et Aucta Orbis Terrae Descriptio ad Usum Navigatium Emendate (Дисбург, 1569 година).

Првата карта која го именува островот според неговото денешно име, Диего Гарсија, е Светската карта (англ. World Map) на англискиот математичар и картограф Едвард Рајт (Лондон, 1599 година). Во светската карта Nova Totius Terrarum Orbis Geographica, на холандскиот картограф Хенрик Хондиус II (Антверпен, 1630 година), повторно се употребува името кое го дал Едвард Рајт, кое оттогаш се користело во сите светски карти до ден-денес.

Населување на островот Диего Гарсија и останатите островите од Чагос биле ненаселени сѐ до крајот на 18 век. Во 1778 година, францускиот гувернер на Маврициус му го доделил островот Диего Гарсија на Господин Дупју де ла Феј, а постојат докази за привремени посети од страна на Французите, кои собирале кокоси и риболовеле. Неколку Французи кои живееле во „десетина колиби“ го напуштиле островот кога Британската источноиндиска компанија (EIC, од англ. East India Company) се обидела да основа населба на островот во април 1786 година. Во октомври 1786 година, британската колонија пропаднала. По заминувањето на Британците, француската колонија Маврициус почнала да испраќа луѓе заболени од лепра на Диего Гарсија, а во 1793 година, Французите основале кокосова плантажа со употреба на робови како работна сила. Тие, исто така, произведувале и извезувале јажиња направени од кокосови влакна и морски краставици, кои се сметале за деликатес во повеќе источноазиски земји.

Диего Гарсија станал колонија на Обединетото Кралство по Наполеоновите војни, како дел од Парискиот мировен договор (1814 година), а од 1814 до 1965 година островот бил под администрацијата на Маврициус. Главните плантажи биле сместени на Ист Поинт, главната населба на источниот раб на атолот; на Мини Мини, кој се наоѓа 4,5 километри северно од Ист Поинт, и на Поинт Мариан, на западниот раб на атолот. Сите се наоѓаат на страната на лагуната на атолскиот раб. Работниците живееле на овие локации, но и во селата расфрлани по островот.

Од 1881 до 1888 година, Диего Гарсија бил станица за гориво (јаглен) за паробродовите кои пловеле преку Индискиот Океан.

Во 1882 година, француското претпријатие Société Huilière de Diego et de Peros, со седиште во Маврициус, ги консолидирало сите плантажи во Чагос под своја контрола.

Островот во 20 век мини|Барахојот Морис на Диего Гарсија|алт=|249x249пкс Во 1914 година, островот бил посетен од страна на германската лесна крстарица SMS Emden во текот на првите месеци од Првата светска војна.

Во 1942 година, Британците на островот ја отвориле базата „Диего Гарсија“ на Кралското воено воздухопловство (RAF, од анг. Royal Air Force) и формирале хидроавионска единица на плантажата Ист Поинт, со воен персонал и опрема на ескадрилите бр. 205 и бр. 240, префрлени од стационарот во Цејлон. Во текот на Втората светска војна, воените авиони Каталина (Consolidated PBY Catalina) и Сандерленд (Short S.25 Sunderland) летале во потрага по јапонски и германски подморници. Во Канон Поинт, биле инсталирани два шест-инчни поморски топови од одредот на кралските маринци (RM, Corps of Royal Marines). Во февруари 1942 година, имало мисија со цел да се заштити малата база на Кралската морнарица и Кралската воена воздухопловна база сместени на островот од можен јапонски напад. По завршувањето на војната, базата била затворена на 30 април 1946 година.

Во почетокот на 1960-тите години, Велика Британија го повлекла своето воено присуство од Индискиот Океан, но тоа не го вклучувало воениот аеродром RAF Gan на север од Диего Гарсија, на Малдивите, кој останал отворен до 1976 година. Тие се согласиле да им дозволат на САД да воспостават поморска комуникациска база на еден од островите. Соединетите Држави побарале ненаселен остров кој ѝ припаѓал на Велика Британија за да се избегнат политичките потешкотии со новите независни држави. На крај, Велика Британија и САД се согласиле дека островот Диего Гарсија е најпогодната локација.

Купување на островот од страна на Обединетото Кралство мини|Неасфалтиран пат во источната забранета зона на Диего Гарсија|алт=|294x294пкс За да се постигне стратегијата за заемна одбрана на Обединетото Кралство и САД, во ноември 1965 година, Велика Британија го купила архипелагот Чагос од тогашната самоуправна колонија Маврициус за 3 милиони фунти, за да ја создаде Британската Индоокеанска Територија (БИОТ). Намерата била да се затворат плантажите за да се создаде ненаселена британска територија од која САД ќе можат да ги спроведуваат своите воени активности во регионот.

Во април 1966 година, британската влада го купила целиот имот на компанијата Chagos Agalega во BIOT за 600.000 фунти и го раководела како државно претпријатие, додека го чекала финансирањето од Соединетите Држави за предложените објекти. Сепак, плантажите, и во претходната приватна сопственост и под државна управа, се покажале како непрофитабилни поради воведувањето на нови масла и мазива на меѓународниот пазар и отворањето на нови и поголеми кокосови плантажи во Југоисточна Азија и на Филипините.

На 30 декември 1966 година, САД и Велика Британија склучиле договор, според кој на САД им се дозволува да го користат BIOT за одбранбени цели за период од 50 години (до декември 2016 година), со продолжеток од 20 години (до 2036 година), доколку ниту една од договорените страни не даде известување за прекин на договорот две години однапред (декември 2014-декември 2016 година). Велика Британија го има правото да одлучи под какви дополнителни услови би се продолжил договорот. Не било направено парично плаќање од САД на Обединетото Кралство како дел од овој договор или било кој од неговите последователни амандмани. Наместо тоа, Обединетото Кралство добило попуст од 14 милиони американски долари од САД за купувањето на балистички ракетен систем Поларис ракети (UGM-27 Polaris), според еден декласифициран додаток на договорот од 1966 година.

Пристигнување на морнарицата на САД на островот За САД, островот Диего Гарсија претставувал важна територија за поставување на воена база. Според Стјуарт Барбер, цивил кој работел за морнарицата на САД во Пентагон, Диего Гарсија бил сместен доволно далеку од потенцијални закани, имал малубројно месно население и бил остров кој не бил посакуван од други земји поради недостатокот на економски интереси. Барбер бил одговорен за дизајнирањето на концептот на стратегиски остров, според кој Диего Гарсија и другите стекнати мали острови би играле клучна улога во одржувањето на американската доминација во светот. мини|228x228px|Британскиот колонијален гувернер Сер Брус Грејтбеч|алт= Една од клучните предности на островот Диего Гарсија била неговата ретка населеност. Ненаселен сè до доцниот 18 век, Диего Гарсија немал домородно население. Единствените жители биле европски надгледници кои управувале со плантажите на кокос и наемни работници, главно од африканско, индиско и малезиско потекло, познати како Чагосанци (англ. Chagossians, Îlois или Chagos Islanders), кои живееле и работеле на овие плантажи веќе неколку генерации. Пред основањето на воената база, владата на САД била информирана од британската влада (во чија сопственост бил островот) дека Диего Гарсија брои само неколку стотици жители. Овој податок се покажал како неточен, бидејќи популацијата броела над 1000 лица.