Шчепан Лех Твардох (, 23 декември 1979 во Жерњица) е полски писател и публицист, по образование социолог.

Животопис Завршил студии по социологија на Шлескиот универзитет во Катовице.

Како независен публицист пишувал статии во голем број полски весници. Бил и уредник на книжевни текстови во многу полски списанија, а исто така бил и фељтонист во "Политика".

Неговиот расказ "Лудоста на началникот фон Егерн" бил номиниран за наградата Наутилус во 2003 година и на гласањето го освојува четвртото место. Расказот "Рондо" ја добива наградата Наутилус за најдобар расказ во 2006 година.

Шчепан Твардох е Шлезиец и живее во Пилховице.

Литература

Категорија:Родени во 1979 година Категорија:Полски писатели Категорија:Живи луѓе