Сардела или мушкатла (Pelargonium) — растението од родот Pelargonium. Родот вклучува околу 200 видови на тревести растенија, од кои се некои одгледуваат како домашни украси, а некои се важни во индустриите на парфеми. Највеќе се распространети во јужна Африка, пособено ’Ртската флористичка област. Стручен назив за родот потекнува од грчкиот збор πελαργός (пеларгос = штрк), бидејќи формата на цветот личи на клун од оваа птица.
Исклучително е поволна за чување во домашни услови, па се сретнува на сите меридијани и во многу бои и претставува вид на омилено балконско цвеќе.
Опис на растението Сарделите се едногодишни или повеќегодишни тревести растенија, со наизменичен распоред на лисја. Формата на листовите е многу варијабилна. Мушкатлите имаат жлездени вакна на стеблото и листовите, кои содржат ароматични масла. Цветовите се зигоморфни, собрани во цвет. Плодот е шизокарпиум.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Здравци Категорија:Градинарски растенија Категорија:Собни растенија Категорија:Цвеќиња Категорија:Лековити растенија