Вирџилио Фосати (; – ) — италијански поранешен фудбалер и тренер. Поранешен играч од средниот ред, играл и бил тренер на италијанскиот клуб Интер, исто така, настапувал и за италијанската фудбалска репрезентација; бил капитен на двете екипи во текот на неговата кариера.

Кариера

Фосати ја поминал целата своја кариера во Интер. Тој за клубот играл 97 пати и постигнал 4 гола. Во текот на неговата кариера, Фосати бил капитен и на Интер и на Италија , и исто така, прв играч на Интер што играл за италијанската репрезентација. Тој подоцна, исто така, станал тренер на Интер.

Кариерата на Фосати е завршена во Првата светска војна. Тој починал на Божиќ 1916 година во Монфалконе за време на битката меѓу италијанската и австроунгарската војска.

Неговиот брат Џузепе (роден во Милано, 1894) играл 43 натпревари во три години за Интер.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Тренери на ФК Интер Категорија:Италијански фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Починати во 1918 година Категорија:Родени во 1889 година