Панајота Даскалопулос () е професор по математика на универзитетот Колумбија., чие истражување вклучува парцијални диференцијални равенки и диференцијална геометрија.. На Универзитетот Колумбија, таа исто така работи и како директор на додипломски студии по математика.

Даскалопулос дипломирала на Атинскиот универзитет во 1986 година и го завршила докторатот на Чикашкиот универзитет во 1992 година, под надзор на Карлос Кениг. По посета на Институтот за Напредни Студии, таа се приклучила на факултетот на универзитетот во Минесота во 1993 година, се преселила на Калифорнијскиот универзитет, Ирвин во 1995 година и повторно се преселила во Колумбија во 2001 година. Таа била Гугенхајмов соработник во 2004 година,. и поканет говорник на Меѓународниот Конгрес на Математичари во 2014 година.. Таа е член на Научниот советодавен комитет на Институтот за истражување на математички науки во Беркли, Калифорнија, за периодот 2013-2017.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски математичари Категорија:Грчки математичари Категорија:Математичарки Категорија:Апсолвенти на Чикашкиот универзитет Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките