Мербек () — општина во округот Шаумбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија Местоположба

Општината се наоѓа јужно од Шаумбуршката Шума и околу четири километри северозападно од окружниот град Штатхаген. Средногерманскиот Канал поминува низ местото Фолксдорф во општината.

Соседни општини

Соседни општини се општините Видензал, Нидернверен и Нордзел, градот Штатхаген, општината Хеспе, како и градот Петерсхаген во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Општински единици

Мербек е составен од следни места: Мербек, Фолксдорф и Куксхаген. Општината Мербеке од 1974 година претставува составна единица на општинската заедница Нидернверен.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Шаумбург (округ)