Во честична физика, мајорони (именувани по Еторе Мајорана) се хипотетички тип на Голдстонови бозони за кои се претпоставува дека се посредници во неутринското масено нарушување на лептонскиот број или B − L при одредени високоенергетски судири како што се:
+ → + + J
Каде два електрони се судираат, за да се создадат W-бозони и со мајоранот J. Се претпоставува дека U(1)B–L симетријата е целосна за да опстои мајоронот односно да не биде проголтан од страна на баждарниот бозон и спонтано да се распадне. Мајороните првично биле формулирани во четири димензии од Ј. Чикашиге, Р. Мохапатра и Р. Печеи за да се разберат неутринските маси со помош на механизмот на сеење и да се бараат во процесот на безнеутрискиот двоен бета-распад. Постојат теоретски проширувања на оваа идеја во суперсиметрички теории и теории кои вклучуваат крајно сложени димензии. Со движење низ дополнителнипросторни димензии детектираниот број на настани на создавање на мајороните соодветно се менува. Математички, мајороните можат да се моделираат со тоа што ќе им се дозоли да се движат низ материјал, додека сите други сили на стандардниот модел се фиксирани во орбиобразивна точка.
Потраги Експериментите кои ги проучуваат двојните бета-распади имаат поставено граници на распадните модови кои оддаваат мајорани.
НЕМО има забележано бројни различни елементи. ЕКсО и Камланд-Зен ги имаат определено времетраењето на полуживотите за мајоронските распади кај ксенонот.
Наводи
Дополнителна литература
Категорија:Бозони Категорија:Хипотетички елементарни честички