Каон ( K-мезон) и ознака КThe positively charged kaon used to be called τ+ and θ+, as it was supposed to be two different particles until the 1960s. See the parity violationp. — која група од четири мезони, карактеристична по квантниот број наречен чудност. Во кварковиот модел се подразбира дека тие се сврзани состојби на еден чуден кварк (или антикварк) или горен или долен антикварк (или кварк).

Каоните се покажале како изобилен извор на информации, за природата на основните заемодејства, од нивното откривање во космичките зраци во 1947 година. Тие биле од суштинско значење, за воспоставувањето на темелите на стандардниот модел на честичната физика, како што е кварковиот модел на хадроните и теоријата за мешање на кварковите (подоцна теоријата е наградена со Нобеловата награда за физика во 2008 година).

Каоните одиграле значајна улога во нашето разбирање на основните закони за запазување: CP-нарушувањето, појава која ја создава асиметријата на набљудуваната материја-антиматерија во универзумот, откриена во каонскиот систем во 1964 година (што било потврдено со Нобелова награда во 1980 година). Понатаму, директното CP-нарушување било откриено во каонските распаѓања во раните 2000-ти години, од страна на експериментот NA48 во ЦЕРН и експериментот КТеВ во Фермилаб.

Основни својства мини|300x300пкс| Распадот на каон (К+) во три пиони (2 , 1 ) е процес кој ги вклучува заедно слабото и силното заемодејство.Слаби заемодејства: чуден антикварк () на каонот се трансмутира во горен антикварк () преку оддавање на бозони; бозонот последователно се распаѓа на долен атикварк () и на горен кварк ().Силни заемодејства : горен кварк () оддава глуон () кој се распаѓа на долен кварк () и долен антикварк (). Четирите каони се :

, негативно наелектризиран (кој содржи чуден кварк и еден горен антикварк) има маса од и среден животен век од (античестичка на погоре спомнатиот) позитивно наелектризиран (содржи горен кварк и чуден антикварк) мора (според CPT-инваријантност) има маса и живот еднаков на оној на . Експериментално, разликата на масата е 0,032 ± 0,090 MeV, следствено нула; разликата во животниот век е (0.11 ± 0.09) × 10-8 s, исто така следствено нула. , неутрално наелектризиран (содржи долен кварк и чуден антикварк) има маса од 497.648 ± 0.022 MeV. Има среден квадратен полупречник на полнежот од -0.076 ± 0.01 fm2. , неутрално наелектризиран (античестичка на погоре спомнатиот) (содржи чуден кварк и долен антикварк) ја има истата маса.

Како што покажува кварковниот модел, укажува на тоа дека каоните создаваат два пара на изоспин; односно, дека тие припаѓаат на основното претставување на SU (2) наречена 2. Еден пар на чудност +1 го содржи и . Античестичките го создаваат другиот пар (со чудност -1).

+Својства на каонотИме на честичкатаСимбол на честичкатаСимбол на античестичкатаКваркова содржинаМаса при мирување (MeV/c2)IGJPCSCB'Среден животен век (сек.)Вообичаено се распага до(>5% од распадите)КаонJ. Beringer et al. (2012): Particle listings – 0−100КаонJ. Beringer et al. (2012): Particle listings – 0−100К-кратокJ. Beringer et al. (2012): Particle listings – Иста0−(*)00К-долгJ. Beringer et al. (2012): Particle listings – Иста0−(*)00 [a] Силна квантно механичка состојба. Нема дефинитивен животен век (види ги белешките за Каон подолу)

[b] Слаба квантно механичка состојба. Недостасува шминка на малото нарушување на ЦП терминот (видете ја забелешката за неутралните каони подолу).

[c] Масите на и се дадени како онаа на . Меѓутоа, познато е дека разлика помеѓу масите на и од редот на 3,5 × 10-12 MeV/c2 постои.

Иако и нејзината античестика обично се создадени со јаката сила, тие се распаѓаат преку слабото заемодејство. Последично, еднаш создадени двете подобро е да се сметаат како суперпозиции на две слаби квантни состојби кои имаат многу различни животни векови:

Долготрајниот неутрален каон е наречен („К-долг“), се распаѓа првенствено на три пиони, и има просечен животен век од 5.18 × 10-8 s. Краткотрајниот неутрален каон е наречен („K-краток“), се распаѓа првенствено на два пиони, и има просечен животен век од 8.958 × 10-11 s.

(Погледајте ја дискусијата за неутрално каонско мешање подолу.)

Експериментални набљудувања направени во 1964 година, покажале дека К-долгиот ретко се распаѓа на два пиона што било причина за откривањето на CP-нарушувањето (види подолу).

Главни модови на распаѓање за :

{| class="wikitable sortable" !Резултат !Мод !Сооднос на разгранување |- style="height: 2em;" | |лептонски | |- style="height: 2em;" | |лептонски | |- style="height: 2em;"

|хадронски | |- style="height: 2em;"

|хадронски | |- style="height: 2em;"

|полулептонски | |- style="height: 2em;"

|полулептонски

Модовите на распаѓање за K- се конјугативно наелектризирани на оние споманти погоре во табелата.

Чудност

Откривањето на хадроните со внатрешен квантен број "непознатост" го означува почетокот на највозбудливата епоха во физиката на честички, која и сега, педесет години подоцна, сè уште не го нашла својот заклучок ... со големи експерименти го водела развојот, и тие големи откритија дошле неочекувано па дури и наспроти очекувањата, изразени од теоретичарите. — I.I. Bigi и A.I. Sanda, CP violation, ()

Во 1947 година, Џорџ Рочестер и Клифорд Чарлс Батлер од Манчестерскиот универзитет, објавиле две фотографии од Вилсоновата комора, од настаните предизвикани од космичките зраци, од кои едната покажува дека се работи за неутрална честичка која се распаѓа на два наелектризирани пиони, а другата покажува дека се работи за наелектризирана честичка која се распаѓа на наелектризиран пион и нешто неутрално. Проценетата маса на новите честички била многу груба, околу половина од масата на протонот. Повеќето примери за овие „V-честички“ доспевале доста бавно.

Првото важно постигнување било добиено во Калтех, каде што Вилсоновата комора била однесена на планината Вилсон, за поголема изложеност на космички зраци. Во 1950 година, биле пријавени 30 наелектризирани и 4 неутрални V-честички. Инспирирани од ова, во текот на следните неколку години биле направени бројни набљудувања на планините, а до 1953 година била усвоена следната терминологија: „L-мезон“ означувајќи мион или пион. „K-мезон“ означувал средна честичка, со маса помеѓу пионот и нуклеонот. „Хиперон“ означувал каква било честичка потешка од нуклеонот.

Распаѓањата биле исклучително бавни; типичен животен век бил од редот на 10−10 s. Меѓутоа, производството во пион-протонските реакции продолжило многу побрзо, со временска скала од 10−23 s. Проблемот на ова несогласување бил решен од страна на Абрахам Пајс, кој го претставил новиот квантен број наречен „чудност“, кој е заштитен од силните заемнодехства, но нарушен од слабите заемодејства. Необичните честички се појавуваат обилно за време на „здруженото производство“ на една необична и антинеобична честичка заедно. Наскоро било покажано дека ова не може да биде мултипликативен квантен број, бидејќи тоа требало да овозможи реакции, кои никогаш не биле видени во новите синхротрони, кои биле пуштенби во употреба во Брукхејвенската национална лабораторија во 1953 година и во Лоренс Берклиевата лабораторија во 1955 година.

Нарушување на парноста Две различни распаѓања биле пронајдени кај наелектризираните чудни мезони:

{| border=0 |- style="height: 2em;" | || → || + |- style="height: 2em;" | || → || + +

Следствената парност на пионот е P = -1, а парноста е мултипликативен квантен број. Поради тоа, двете конечни состојби имаат различни парности (P = +1 и P = -1, соодветно). Се мислело дека првичните состојби, исто така, треба да имаат различни парности, па оттука да бидат две различни честички. Меѓутоа, со попрецизни мерења, не била пронајдена разлика помеѓу масите и животните векови на секоја од нив соодветно, што покажува дека тие се иста честичка. Ова било познато како τ-θ загатка. Ова било разрешено само со откривањето на нарушување на парноста прислабите заемодејства. Бидејќи мезоните се распаѓаат низ слаби заемодејства, парноста не се зачувува, а двата распади се всушност распаѓања на истата честичка, сега наречена К+.

CP-нарушување во неутралните мезонски осцилации Првично се мислело дека иако парноста била нарушена, симетријата на CP- (парностa на полнежот) симетријата била запазена. Со цел да се разбере откривањето на CP-нарушувањето, неопходно е да се разбере мешањето на неутралните каони; оваа појава не бара CP-нарушување, но тоа е замислата во која првпат било забележано CP-нарушувањето.

Мешање на неутрални каони

мини|Два различни неутрални K-мезони, имаат различна чудност, можат да се претворат еден во друг преку слабите заемодејства, бидејќи овие заемодејства не ја запазуваат чудноста. Чудниот кварк во анти- се претвора во долен кварк преку успешно впивање на два W-бозони со спротивен полнеж. Дплниот антикварк во анти-се претвора во чуден антикварк оддавајќи ги истите бозони.

Бидејќи неутралните каони поседуваат чудност, тие не можат да бидат свои античестички. Тогаш, мора да постојат два различни неутрални каона, кои се разликуваат за две единици на чудност. Прашањето било како да се утврди присуството на овие два мезона. Решението користело појава наречена осцилации на неутрална честичка, со кое овие два вида мезони можат да се претворат еден во друг преку слабите заемодејства, кои предизвикуваат нивно распаѓање во пиони (Погледајте ја сликата од спротива).

Овие осцилации најпрво биле истражувани од страна на Мареј Гел-Мен и Абрахам Пајс заедно. Тие ја земале предвид CP-инваријантноста за временскиот развој на состојбите со спротивна чудност. Во матричен запис тоа би изгледало:

каде што ψ е квантната состојба на системот, одредена од амплитудите на постоењето во секоја од двете основни состојби (кои се a и b за време t = 0). Дијагоналните елементи (М) на Хамилтонијанот се должат на силно заемнодејствувачката физика, која ја зачувува чудноста. Двата дијагонални елемента мора да бидат еднакви, бидејќи честичката и античестичката имаат еднакви маси, во отсуство на слаби заемодејства. Елементите надвор од дијагоналата, кои ги мешаат честичките со спротивна чудност, се должат на слабите заемодејства; CP-симетријата бара од нив да бидат вистински.

Последицата матрицата H да биде реална е веројатноста дека двете состојби засекогаш ќе осцилираат нанапред и наназад. Меѓутоа, ако било кој дел од матрицата е имагинарен, што е забрането од CP-симетријата, тогаш дел од комбинацијата ќе се намали со текот на времето. Делот кој се намалува може да биде или едната компонента (а) или другата (b) или мешавина од двете.

Мешање Состојбата на квантизираните динамички системи се добиваат со дијагонализација на оваа матрица. Ова дава нови квантизирани динамички вектори, кои можеме да ги наречеме K1 кои се збир на две состојби на спротивната чудност, и K2, која е разликата. Двете се состојби на квантизирани динамички системи на CP со спротивни состојби на квантизирани динамички системи; K1 има CP = +1, и K2 има CP = −1 Бидејќи конечната состојба со два пиони, исто така, има CP = +1, само K1 може да се распаѓа на овој начин. К2 мора да се распаѓа на три пиони. Бидејќи масата на К2 е само малку поголема од збирот на масите на трите пиони, ова распаѓање се одвива многу бавно, околу 600 пати поспоро од распаѓањето на К1 на два пиони. Овие два различни начини на распаѓање биле набљудувани од Леон Ледерман и неговите соработници во 1956 година, утврдувајќи го постоењето на две слаби состојби на квантизирани динамички системи (состојби со одреден животен век при распаѓање преку слабата сила) на неутралните каони.

Овие две слаби состојби на квантизирани динамички  системи се наречени (K-долги) и (K-кратки). CP-симетријата, која била претпоставувана во тоа време, наведува дека = K1 и = K2.

Осцилации