Островот Маиао, наречен "Забранет остров" или "Заборавен остров", е остров на Француска Полинезија - дел од Приветрените Острови во архипелагот на Друштвените Острови. Тој е составен дел од општината Моореа-Маиао.

Географија Маиао се наоѓа на 106 км западно од Тахити. Тоа е мал трапезоиден остров со малку ридови и со површина од околу 9 км2. Во неговиот центар, местото наречено Равеа се издига на 154 метри надморска височина. Две езера, Рото Ити«Мала лагуна» во северниот и Рото Рахи«Голема лагуна» во југоисточниот дел, се во внатрешноста на земјата. На островот лагуната е исполнета со два гребена: едниот природен на југ се нарекува Апоотоо, другиот на северозапад, издлабен во рамен гребен се вика Авареи. Таора О Мере, главното село на островот, се наоѓа на југозапад, помеѓу двете езера.

Историја Легендата ја раскажува приказната на Таматафету, "поглаварот човекојадец на Маиао ". Во 19 век, благородништвото на островот потекнувало од кралската лоза на Теурура од Хуахине. По смртта без поколение на кралот на Маиао, Нануетере, младиот Нуу а Тауниуа бил однесен со кану од Хуахине и станал нов владетел на островот.

По оваа легенда, на 27 јуни 1897, владата на колонијата организирала индигенат на Приветрените Острови прикачувајќи го Maјао за Хуахине. Со оглед на тешкотиите во комуникацијата меѓу двата острови, на 20 февруари 1904, привремениот гувернер на Францускиот естаблишмент за Океанија островот административно го приклучил во областа на Тахити и Мореа.

На крајот на 1920-тите години, Англичанец по име Ерик Лавфорд Тровел, претставник на Поморската Компанија на Океанија, отворил продавница на островот. Злоупотребувајќи го вкусот од островјаните за увезени производи, вклучувајќи и алкохолни пијалаци, го задолжил трибуналот на Папеете за наплата на кредит. На 20 декември 1928, судот му го одземал имотот на кралот Тауниуа, кој вклучувал неколку парцели во заедничката сопственост. За седум години, Тровер стекнал земјиште со купување или преку судот на други 26 сопственици. Викнат за помош од страна на жителите, пасторот Октава Моро му напишал на гувернерот за да го информира за ситуацијата. На 3 јули 1934, дошло до пресврт на ситуацијата, а на Тровер му била одземена земјата на Маиао од страна на неговиот личен доверител, Мелвил Берти Клеј. Гувернерот наредил истрага..

На 10 септември 1934, по совет на Моро, шеесет островјани оформиле земјоделска кооператива претседаван на чие чело застанал Тауниуа. На 1 октомври 1935, Тауниуа престанал да биде поглавар на островот за да стане почесен поглавар со месечен надоместок исплаќан од страна на колонијалната администрација. На 14 јули 1935, комисии по спроведената истрага ги потврдиле шпекулациите на Тровер (лажни докази, закани со пиштол, кражба) и тврдењата на населението Дотогаш Тровер имал стекнато 80% од земјиштето на островот.

По 1935 година, пасторот Октава Моро ги поттикнал жителите да формираат кооперација со цел да го откупат назад земјиштето од Државата. Оваа епизода довела до тоа луѓето од островот да развијат недоверба кон странците кои не се добредојдени на островот.

Потекло на поимот На тахитски јазик, островот се нарекува Маиао Ити, " мала шепа / канџа на птица "Mai'ao, канџа ; iti, мало (Académie tahitienne 1999), Тапуае Ману, отисок од птица "Tapua'e, отисок ; manu, птица (Académie tahitienne 1999) или Теануануаитераи, " виножито"Te, определен член; ānuanua, виножито ; i, предлог ; ra'i, небо (Académie tahitienne 1999).

Во 19 век, колонијалната француска администрација, островот го нарекла "Тубуаи-Ману (Maiao) ". Од крајот на 1930-тите, во употреба е името "Маиао".

Демографијата алт=Vue du village de Tāora O Mere|мини|Поглед на селото Таора O Мере|277x277пкс Населението е претежно младо и голем дел секојдневно зборува тахитски. +Демографски развој на Маиао1977 година1983 година1988 година1996 година2002 година2007 година2012220190231283308299335

Економија Економијата на островот се заснова на две традиционални активности : производство на копар и пандан, сушен и плетен, кој се користи на покриви на хотели и традиционални куќи. На островот постои основно училиште, нема хотел и постојат две продавници за храна, но производите се скапи а изборот ограничен.

Сообраќај мини|Приказ на островот |277x277пкс Островот нема писта, пристапот е само по морски пат, од неодамна, постои транспортниот брод Тапуае Ману, долг 17 м и 6 м широк. Може да пренесува вкупна тежина од 16 тони и 12 патници.

Наводи и белешки

Белешки

Наводи

Литература

Користена литература:

Категорија:Друштвени Острови Категорија:Приветрени Острови Категорија:Острови во Тихиот Океан Категорија:Француска Полинезија