мини|Обврзница од 1622 година Хартиите од вредност (англиски: Securities) претставуваат финансиски инструменти кои на нивните сопственици им носат определени финансиски права (периодични финансиски приливи, камата, учество во добивката итн.) или други права (учество во управувањето со фирмата итн.).

Елементи на хартиите од вредност Според одредбите на законите за облигации, хартиите од вредност се дефинираат како писмени исправи во кои е загарантирано извесно право кое што може да се оствари единствено со имањето на тие исправи.Тихомир Јовановски, Финансиски пазар, Скопје, стр.66. Хартиите од вредност имаат строго пропишана форма бидејќи треба во себе да ги содржат следните елементи: Видот на хартијата од вредност; Фирмата, односно името и седиштето на фирмата, односно името и седиштето на издавачите на хартии од вредност; Фирмата, односно нејзиното име или името на лицето на кое што (односно по чијашто наредба) хартијата од вредност гласи, односно означува дека хартијата од вредност гласи на доносител; Точно означената обврска на издавачот која што произлегува од хартијата од вредност; Местотото и датумот на издавање на хартијата од вредност, а кај хартиите од вредност што се издаваат во серии и нејзиниот сериски број; Потпис на издавачот на хартијата од вредност.

Покрај овие битни елементи поедини хартии од вредност можат да имаат и други и тие се пропишуваат со посебни законски прописи коишто најчесто се однесуваат за една или за повеќе хартии од вредност. Хартиите од вредност што не ги содржат основните елементи и елементите пропишани со посебен закон не важат како хартии од вредност.Тихомир Јовановски, Финансиски пазар, Скопје, стр.67.

Места на тргување и критериуми за групирање Места на тргување

Хартиите од вредност се јавуваат како средство во стоковниот, кредитниот и платниот промет, при што некои од нив се јавуваат во улога на вршење на повеќе функции, а некои извршуваат исклучиво една функција. Со оглед на тоа што постои можност за лесно циркулирање во прометот, хартиите од вредност циркулираат на пазарот на пари и пазар на краткорочни хартии од вредност, на пазарот на капитал и пазар на долгорочни хартии од вредност и посебно на ефектните берзи.

Критериуми за групирање

Во современата економска и правна теоретска мисла и практика и во современите услови на стопанисување сретнуваме голем број на различни видови хартии од вредност. Иако хартиите од вредност се разликуваат меѓу себе, сепак кај нив постои нешто врз основа на што можат да бидат групирани во неколку неколку групи. Најчесто хартиите од вредност се групираат според следниве критериуми, односно заеднички одлики: Видот на инкорпорираното право; Функциите што ги имаат во стопанството; Видовите на приходи што се остваруваат од хартиите од вредност; Нивната достасаност за наплата (според нивната валута); Местото на плаќање; Издавачот; Валутата на која што гласат; Посебноста на пренесување на хартиите од вредност.

Универзална класификација на хартиите од вредност Сите можни хартии од вредност што ги среќаваме во поразвиените пазарни економии во внатрешниот и во надворешниот промет би можеле да се поделат на: Стоковни документи (товарен лист, коносман, складишница, заложница); Парични документи (чек, меница, благајнички запис); Капитални документи (ефекти, обврзници, акции).

Друга позначајна и многу попозната универзална класификација на хартиите од вредност е: Хартии од вредност со кои се воспоставува кредитен однос (обврзници); Хартии од вредност кои симболизираат право на сопственост (акции).Тихомир Јовановски, Финансиски пазар, Скопје, стр.68.

Класификација на хартиите од вредност од аспект на издавачот

Почитувајќи го критериумот кој ги издава, кој ги емитува хартиите од вредност се разликуваат: Државни или јавни хартии од вредност и Приватни хартии од вредност.

Првите се хартии од вредност што ги емитува државата (државната благајна, државните органи, организации и институции) и државни претпријатија. Втората група ја сочинуваат приватните хартии од вредност, бидејќи нив ги емитуваат приватни лица и корпорации.Тихомир Јовановски, Финансиски пазар, Скопје, стр. 68.

Класификација на хартиите од вредност од аспект на определување ДОВЕРИТЕЛ

Тргнувајќи оттаму како се определува доверителот во исправата, хартиите од вредност можат да бидат: Хартии од вредност што гласаат на име (т.н. рента хартии од вредност); Хартии од вредност што гласат на доносител; Хартии од вредност по наредба и Хартии од вредност каде што има алтернативно решение кога покрај името напишано на хартијата од вредност се внесува и клаузула на доносител.

Хартии од вредност што гласат на име

Хартиите од вредност што гласаат на име се исправи во кои при нивното издавање е впишано името на лицето, односно фирмата на доверителот (сопственикот). Бидејќи овие хартии гласат на име не можат брзо да циркулираат во прометот. При нивното циркулирање, при преминот од еден во друг субјект мора да се оствари комплициран пренос на правото на хартијата од вреднот по пат на цесија ( забележување на името на новиот сопственик на самата хартија од вредност). Должникот по хартијата од вредност при вршењето на цесијата не може да дојде во понеповолна положба во однос на положбата што ја има пред цесијата.Проф.д-р Тихомир Јовановски, Финансиски пазари страна 68

Хартии од вредност што гласат на доносител

Хартиите од вредност на доносител се дефинирани како писмени исправи, кои покрај битните со закон определни составни делови, во себе содржат и тоа дека се работи за хартии на доносителите. Одлика на овие хартии од вредност е и тоа што имаат голема способност за циркулација. Овие хартии од вредност се издаваат во голема количина и во различни апоени поради што нивното евидентирање по серии и броеви технички е доста комплицирано а економски неисплатливо. Поради тоа, овие хартии во прометот не се сигурни. Имено,извршувањето на обврската може да се бара само од издавачот на хартијата на доносителот, бидејќи останатите лица што учествуваат во нејзиниот промет се непознати. Тоа значи дека не може да се оствари право на регрес.Проф.д-р Тихомир Јовановски, Финансиски пазари страна 69

Хартии од вредност по наредба

Со брзиот развиток на стоковно-паричните односи се зголемува и прометот со хартии од вредност. За да се одбегнат тешкотиите во врска со преносот на хартиите од вредност на име се преминало кон користење на хартии од вредност по наредба. Овие хартии се како хартиите од вредност на име со тоа што при нивното издавање се внесува дополнителна клаузула која гласи „или по наредба”. Со ставањето на оваа клаузула издавачот на хартијата се обврзува дека својата обврска на плаќање ќе ја изврши на лицето назначено во хартијата или на секое друго лице на кое своите права од хартијата тоа ќе ги пренесе. Кај овие хартии правото се пренесува со индосамент, по пат на писмена изјава или наредба на опачината на хартијата од вредност или на посебен лист, додаток наречен алонж, со која имателот на хартијата (индосантот) ги пренесува своите права од хартијата на друго лице (индосатор). Имено, со индосирањето на хартијата од вредност индосаторот станува индосант, врши пренесување на правата на друг доверител. Благодарение на постоењето на клаузулата по наредба можно е вршење на непрекината низа од индосаменти со што неограничено се пренесува хартијата од вредност од едно на друго лице сѐ до моментот на извршувањето на обврската.

Класификација на хартиите од вредност од аспект на природата на правната содржина

Според природата на правната содржина на хартиите од вредност, тие можат да бидат:

Стварно (реално, вистински) правни; Облигационо правни (чек, меница, обврзница, сертификат за депонирани средства, благајнички запис и комерцијален запис); Хартии од вредност со право на учество – акции.Проф.д-р Тихомир Јовановски, Финансиски пазар, 1995, стр. 69.

Класификација на хартиите од вредност од аспект на пазарот на тргување

Ако се почитува критериумот на кој пазар се изнесуваат хартиите од вредност, можеме да разликуваме: Хартии од вредност на пазарот на пари; Хартии од вредност на пазарот на капитал.Проф.д-р Тихомир Јовановски, Финансиски пазари стр. 70

Хартии од вредност во Република Македонија

Во Република Македонија, според одредбите на член 2 од Законот за хартии од вредност, можат да се емитуваат следните хартии од вредност:

акции во трговските друштва; обврзници; инструменти на пазарот на пари; акции во инвестициските фондови кои работат според Законот за инвестициски фондови; деривативни финансиски инструменти; потврда за странска хартија од вредност и други финансиски инструменти кои според Комисијата се сметаат за хартии од вредност.

Издавачи на хартии од вредност во Р Македонија

Според член 3 од Законот за хартии од вредност како издавачи можат да се јават:

Министерството за финансии во име на Република Македонија; Народна банка на Република Македонија; Општините и Градот Скопје; Акционерските друштва и командитните друштва со акции и други домашни и странски правни лица.

Номинална вредност и валута во која се издаваат хартиите од вредност во Р Македонија

Хартијата од вредност има номинална вредност и може да биде изразена во денари или во странска валута. Трговските трансакции со хартии од вредност на територијата на Република Македонија се вршат во денари. Според Член 6 од Законот за хартии од вредност издавањето на хартии од вредност без номинална вредност е забрането и хартијата од вредност издадена без номинална вредност е ништовна.

Акт за издавање на хартии од вредност

Според Член 7 од Законот за хартии од вредност, при секое издавање на хартии од вредност, издавачот е должен да донесе акт за издавање кој во зависност од видот на хартиите од вредност ги содржи следниве податоци:

назив на издавачот; видот на хартиите од вредност; целта поради која се издаваат хартиите од вредност; родови и класи на акции; назив на гарантот; серија на хартиите од вредност; вкупна вредност на емисијата; номинална вредност; право на глас; начин на исплата на дивиденда; висина на каматна стапка, начин на пресметување и исплата на истата; висина на основната главнина на издавачот и процентот на учество на емисијата на обврзници во трајниот сопствен капитал; можности за замена со други хартии од вредност; извори на средства од каде што ќе бидат исплатени хартиите од вредност; начин и време на запишување на хартии од вредност; количина и апоенска структура на хартии од вредност; начин и краен рок на уплата на запишаните хартии од вредност; право на првенствено купување и редоследот на остварување на првенството кога акциите се издаваат во повеќе серии; начин на кој се објавува издавањето на хартиите од вредност; постапка за распределба на хартиите од вредност; права кои произлегуваат од приоритетните акции; идентитет на познат купувач при приватна понуда на хартии од вредност и продажна цена на хартиите од вредност.

Комисијата за хартии од вредност ги пропишува формата и содржината на актот за издавање на хартии од вредност по видови хартии од вредност.

Одобрение за издавање на хартии од вредност

Издавањето на хартии од вредност на примарниот пазар, вклучувајќи ги и сопствените акции, се врши по претходно добиено одобрение од Комисијата за хартии од вредност. Издавањето на хартии од вредност на примарниот пазар вклучувајќи ги и сопствените акции, може да се врши по пат на јавна понуда и по пат на приватна понуда.

Јавна понуда

Барање одобрение за издавање на хартии од вредност по пат на јавна понуда

Во Република Македонија, според член 12 од Законот за хартии од вредност, издавањето, понудата и продажбата на хартии од вредност по пат на јавна понуда се врши по претходно добиено одобрение од Комисијата на барањето за издавање на хартии од вредност по пат на јавна понуда од издавачот.

Содржина на барањето за одобрение за издавање на хартии од вредност по пат на јавна понуда

Барањето за одобрение содржи:

основни податоци за издавачот;