Снежна гуска (позната и како сина гуска, лат. Chen caerulescens) е северноамериканси вид на гуска. Името го добила по своето впечатливо бело перје. Родот на овие птици е спорен. Американското орнитолошко друштво и BirdLife International ја ставаат оваа врста и сите други бели гуски во родот Chen, додека другите институции традиоционално го сметаат овој вид во родот на сивите гуски Anser. Латинскиот назив Caerulescens значи синкаста или плавичаста.
Овие гуски се парат на северот на (Гренланд, Канада и Алјаска) а презимуваат јужно; од југозападна Британска Колумбија па сè до деловите на САД и Мексико. Секоја пролет се враќаат во своето гнездо на арктичките тундри.
Опис Снежната гуска се појавува во две бои: бела со црни врвови крила и сива/сина со бела глава, врат и опашниот дел. Двете варијанти имаат розови нозе и црн клун (кај белиите само како пруга на составот на клунот), на младенчињита овие бои не се светли како кај возрасните примероци. Главата може да им биде рѓаво-кафена боја, а како последица на минералите во земјиштето каде се хранат. Многу се гласни и можат да се служнаѕ и на поголема далечина (преку 1 km).
Наводи
Категорија:Птици на Северна Америка Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј