Хагенбург () — општина во округот Шаумбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Географија
Хагенбург се наоѓа на јужниот брег на Штајнхудер Мер, помеѓу Ребургер Берге и Нојштетер Мор, западно од Штајнхуде, дел од градот Вуншторф, и северно од градот Заксенхаген. Сојузниот пат Б441 поминува низ местото.
Општината била создадена во 1970 година од самостојните општини Хагенбург и Алтенхаген.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Информации на страницата на општинската заедница
Категорија:Шаумбург (округ)