Свети Никола — главна селска црква во селото Брждани.

Местоположба

Црквата е сместена североисточно од селото, во планинскиот дел, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта.

Историја

Црквата била изградена кон крајот на век.

Денешната црква е изградена во 1872 година. Оваа година е врежана на една камена плоча вградена во подот на црквата и всушност е еден од малкуте извори што говорат за црквата и нејзината историја.

Архитектура

Црквата претставува типичен споменик од времето на преродбата. Изградена е како еднокорабна базилика со валчест свод и една широка калота над наосот. Апсидата е петстрана и обликувана со архиволти. Црквата не била вкопана во земја и во неа се влегува качувајќи се по неколку скали.

Фрескоживопис

Фрескоживописот во олтарната зона на црквата бил изведуван од страна на Аврам Дичов во 1874 година.

Иконостас

Најстарите икони во црквата потекнуваат од 1849 година и се дело на познатиот мајстор Дичо Зограф. Истите веројатно припаѓале на постарата црква, која во 1872 година е обновена и проширена. Доказ за тоа се наоѓа и во престолните икони на Христос, Богородица и Јован Претеча, кои имаат издолжена форма.

За обновената црква бил изработен и нов, значително поголем иконостас со расчленета структура и нови престолни икони сликани непосредно пред 1872 година од непознат зограф. Старите престолни икони на Дичо Зограф биле отстранети и поставени во олтарниот дел на црквата, а само шест икони со претстави на апостолите нашле место во новиот иконостас.

Во 1874 година за целосно довршување на иконостасот се вклучил Аврам Дичов. Ја насликал престолната икона на Богородица со Христос, каде што оставил свој потпис, но истовремено насликал и десетина други икони за горната зона на иконостасот.

Галерија

Поврзано Кичевско архијерејско намесништво Трета кичевска парохија Брждани

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Брждани Брждани Категорија:Дела на Дебарската школа