Лахендорф () — општина во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 10 километри источно од окружниот град Целе.

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија Местоположба

Општината се наоѓа на јужниот крај од Линебуршкото Поле (југоисточно од Целе).

Низ подрачјето на општината тече реката Лахте

Општински единици

Општината Лахендорф се состои од следниве четири места:

Бункенбург Гокенхолц Јарнзен Лахендорф

Историја

Во првите спомнување, Лахендорф е спомнат под името Лахтендорп (Lachtendorp), што означува село на реката Лахте. Во 1538 година, Ернст I, војвода на Брауншвајг-Линебург го избрал за воденица за хартија, што го означува почетокот на населбата и трговскиот развој. Во 1845 година, воденицата за хартија прераснала во фабрика, обезбедувајќи работа за многумина во оваа земјоделска област.Mußmann, Olaf: Papier, Pulver und sanfte Energie – Alltag und Technik im vorindustriellen Mühlengewerbe, Münster 1993, pp. 25 ff.

Познати луѓе Хајнрих Зеферло (1923–2006) — војник Константин Рауш (р. 1990) — фудбалер

Меѓународни односи

Збратимени градови

Лахендорф е збратимен со следниве општини:

Брикебек, Франција

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Целе (округ)