За музичкиот албум насловен Trendkill на групата Pantera видете Trendkill (музички албум на Pantera)

Trendkill (македонски изговор: Трендкил) е македонска музичка група од Скопје, основана во 2012 година. Нивната музика е од жанрот хард кор со големи примеси од треш метал, односно метал кор, а песните се на македонски и англиски јазик.

Биогафија Почетоците на групата датираат од 2012 година, кога браќата Дамјан и Симеон Јаневи заедно со басистот Милош Дејановиќ, со кого Дамјан Јанев заедно свирел во бендот Serpentine Fire, започнуваат со заедничко свирење и правење на песни. Во групата како вокал се приклучува Дамјан Стефановски со кого започнуваат да ги прават првите песни на македонски и англиски јазик и првите свирки, меѓу кои првата е кон крајот на мај 2012 на познатата сцена - Школка во Градскиот парк на прославата на освоената титула на ФК Вардар. Во пролетта 2014 година излегува првото EP со 4 песни насловено како Nothing to prove. Првиот албум насловен Colors of self на кој се наоѓаат 10 песни излегува во 2015 година. Во 2016 година во бендот се приклучуваат нови членови: Калин Марковиќ кој претходно бил вокал на Furion и Никола Силјаноски на бас гитара, откако Дамјан Стефановски и Милош Дејановиќ го напуштаат бендот поради семејни обврски како стапување во брак и заминување на работа во странство. Со новиот состав бендот во ноември 2017 го снима и првиот спот за песната Приградски хардкор што воедно е и името на второто EP издание со 3 песни кое излегува кон крајот на 2017 година. Со снимањето на спотот Приградски хардкор, групата добива популарност ширум Македонија и Балканот и е вброена во една од 10 највлијателни македонски хардкор групи. Во текот на 2017 и 2018 остваруваат повеќе свирки ширум Македонија: во МКЦ во Скопје на фестивалите „Востание“ (декември 2017) и „Земјотрес“ (февруари 2018), во Охрид и Битола (март 2017) на концертната турнеја по повод 10 годишнината од постоењето на групата Hardfaced, на фестивалите Д Фестивал во Дојран и DreamOn во Струга (јули 2017), клупски свирки во клубот „Браво“ во Скопје со Последен Удар (ноември 2018) и клубот „Барфлај“ во Кичево со Skullcrush и Inner Hate (декември 2018) итн, а настапуваат и надвор од границите на Македонија на фестивалот Into the Pit во Ниш, Србија. Песните на Trendkill се одликуваат со силни и тешки гитарски рифови и изразити бас линии и тапани, а нивните текстови обработуваат теми од општеството, насилство, омраза, борбатa против неправедите, политичка некоректност. Музичко влијание црпат од американските посебно њујоршките хардкор бендови како Agnostic Front, Sick of it All, Madball, холандскиот Born from Pain и др.

Надворешни врски Официјалната страна (канал) на Trendkill на YouTube Trendkill на Encyclopaedia Metallum

Наводи

Категорија:Македонски панк рок групи Категорија:Македонски хард-рок-групи