Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Јудово.
Местоположба
Црквата е над селото, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
Црквата е изградена во 1845 година, а според податоците во црковните книги, истата е осветена во 1863 година.
Архитектура
Црквата била изградена со бигори донесени од црквиштето од некогашното село Пепелиште, сместено над денешното село Јудово.
Иконостасот и фрескоживописот се од 1902 година. Иконите се дело на Крсте Николов и син му Русалим од мијачкото село Лазарополе.
Галерија
Поврзано
Кичевско архијерејско намесништво Трета кичевска парохија Јудово
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Јудово Јудово Категорија:Дела на Дебарската школа