Мастолното знаме (, Degel HaDyo) било рачно изработено израелско знаме кое било развеано за време на израелско-арапската војна од 1948 година кога бил ослободен Ејлат.

Историја На 5 март 1949 година Израел ја започнал операцијата Увда, последниот воден поход во израелско-арапската војна. На 10 март израелската војска стигнала на бреговите на Црвеното Море во Ум Рашраш, западно од Акаба во библиското место Елат и го зазеле истото без битка. Негевската бригада и Голанската бригада учествувале во оваа операција. Тогаш, војниците зеле бело платно и со мастило исцртале две хоризонтални ленти во сина боја.General Avraham Adan: Soldier who raised the 'Ink Flag' that signaled the birth of Israel

Импровизираното знаме било направено по наредба на командирот Нахум Сариг, кога увидел дека бригадата нема израелско знаме со себе. Војниците пронашле бело платно, исцртале со мастило две сини ленти и сошиле Давидова ѕвезда.Nostalgia Sunday – Eilat

Во Ејлат има поставено бронзена скулптура во чест на овој настан.Bernard Reder sculpture

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Говор на Ариел Шарон за Ејлатовиот ден, 20 март 2005

Категорија:Национални симболи на Израел Категорија:Знамиња на Израел