Никодински манастир — манастир во областа Раец, во средишниот дел на Македонија. Манастирот се наоѓа на падините на планината Бабума, меѓу врвовите Јасенова Глава и Ножот, на околу 3 км југоисточно од истоименото село Никодин.„Манастир „Раѓање на Пресвета Богородица“, село Никодин “. OldPrilep. 28 февруари 2017.

Историја Манастирот е изграден околу старата црква „Св. Троица“, која е првиот главен манастирски храм. Се претпоставува дека на местото на кое денес се наоѓа манастирот во време на отоманска власт постоел манастир кој бил метох на манастирот Трескавец. Според легендата, манастирот бил срушен од страна на отоманските власти, а седумте монаси биле заклани и оттаму околната месност го добила името „Калуѓере“.

Манастирот подоцна бил обновен, но манастирската црква била мала, така што месните верници одлучиле да ја прошират старата манастирска црква. Во периодот од 1977-1981 година, манастирската црква била проширена и биле изградени и две придружни згради со помош на доброволни прилози од верниците. Манастирот за првпат бил осветен на 21 септември 1981 година од страна на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

Градби Во склоп на манастирот влегуваат две цркви, конак и помошна зграда. Во изградба е и камбанарија.

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 25 ноември 1987 година, а истата била осветена на 17 октомври 2010 година. Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источниот ѕид.

Црква „Св. Троица“

Црквата била главен храм на првобитниот манастир.„Црква „Света Троица“, село Никодин “. OldPrilep. 17 април 2017. Таа има правоаголна основа со полукружна апсида на источниот ѕид.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Никодин Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија