Свети Ѓорѓи — манастирска црква на Беловодичкиот манастир.
Историја Црквата била осветена на 27 јули 1980 година од страна на тогашниот Митрополит Повардарски г. Гаврил, кој во тоа време бил Прилепско-битолски црковен управител.„Манастир „Свети Георгиј“, село Беловодица “. OldPrilep. 31 декември 2011.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен од западната страна, на која е доградена натстрешница поддржана на два столба. На северната и јужната страна има по два квадратни прозорци. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Камбанаријата е сместена во близина на влезот од црквата.
Поврзано Параклис „Св. Ѓорѓи“ Беловодички манастир Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Плетварско-беловодичка парохија Беловодица
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Беловодички манастир Категорија:Беловодица Беловодица