Бешичкото Езеро (во постари извори наречено „Бешикско Езеро“; , Лимни Волви) — езеро во Егејска Македонија (денес во Грција), дел од групата на егејските езера. Се наоѓа на 40 км североисточно од Солун. Водниот слив опфаќа површина од приближно 1.247 км2.Нивото на водата се менува во зависност од сезоната и врнежите. Водата се користи главно за наводнување и риболов. Езерото е сврзано преку реката Дервент со Лагадинското Езеро соседно на запад, со кое образуваат заеднички екосистем.
Езерото е наречено по околните населени места: Голем Бешик (Мегали Волви) и Мал Бешик (Микра Волви). По нив е наречена и околната Бешичка Планина.
Општината околу езерото се нарекува Бешик ().
Флора Езерото е богато со различни водови фитопланктон. Шумите околу него се дабови, има и повеќе градини со овошја.
Фауна Во езерото живеат 29 видови риби,една од нив ендемска. Водоземните се барем 5 видови, а во и околу езерото се среќаваат 34 видови цицачи.Богатството на птици е презентирано со повеќе од 200 видови.Поважни што гнездат се:
мал воден бик (Ixobrychus minutus; 30 двојки) ноќна чапја (Nycticorax nycticorax) мала бела чапја (Egretta garzetta) пепелава чапја (Ardea cinerea; 90 двојки) црвена чапја (Ardea purpurea) бел штрк (Ciconia ciconia; 50 двојки) лисеста гусковидна патка (Tadorna ferruginea) краткопрст јастреб (Accipiter brevipes) лисест глувчар (Buteo rufinus) мал орел кликач (Aquila pomarina; 1 двојка) блатна еја (Circus aeruginosus; 3 двојки) џуџест (мал) орел (Hieraaetus pennatus) мала барска кокошка (Porzana parva) модроврана (Coracias garrulus) пепелаво (мало) свраче (Lanius minor)
Исто така езерото е важно место за прехрана на: розов (обичен) пеликан (Pelecanus onocrotalus; макс. 550 двојки) во летото, како и кадрав пеликан (Pelecanus crispus; 50+ двојки) за време на преселба. Зимно време можат да се видат цуцулест нуркач (Podiceps cristatus; 11.000 единки), големо штипче (Podiceps nigricollis; 100+ единки), црвеноглав кожувар (Aythya ferina; 30.000 единки), лиска Fulica atra; 20.000 единки) и понекогаш белоглава патка (Oxyura leucocephala)
Поврзано Бешик (општина) Лагадинско Езеро
Наводи
Надворешни врски
Страница за езерото Водостопанство Сателитска слика на езерото
Категорија:Езера во Егејска Македонија Категорија:Езера во Грција Категорија:Лагадина Категорија:Солун (округ) Категорија:Бешик Категорија:Рамсарски места во Грција