Џејмс Нокс (; р. ) — британски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Ран живот

Пред да биде професионален велосипедист се занимавал со трчање. Го освоил националното крос-кантри првенство во 2009 година во неговата возрасна категорија.

Кариера

Во 2017 година, Нокс завршил втор на изданието под 23 години на класикот Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Во септември истата година, објавиле дека Нокс ќе стане професионалец со екипата за сезоната 2018.

Во мај 2019 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2019. Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019. Бил меѓу првите десет на две етапи пред крајот, кога загубил 11 минути на претпоследната етапа откако паднал ден претходно, поради што завршил на 11. место.

Достигнувања

2012 8. Краен пласман Трка околу Велс за јуниори 1. Етапа 4 2013 3. Краен пласман Трка околу Велс за јуниори 1. 20п Планински пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 4 2014 9. Пиколо Џиро дел’Емилија 2015 8. Трофео ПИВА 9. Класика Луле 2016 4. Краен пласман Ронд де л’Изар 6. Краен пласман Мировна трка под 23 години 2017 2. Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години 5. Краен пласман Ронд де л’Изар 6. Краен пласман Тур Алзас 8. Краен пласман Трка околу Хрватска 8. Краен пласман Тур де л’Авенир 8. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста 2018 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка Адријатика Јоника 6. Краен пласман Тур де Валони 2019 3. Краен пласман Трка Адријатика Јоника 8. Краен пласман Трка ОАЕ 10. Краен пласман Трка околу Полска 2020 1. Етапа 1b (ТТТ) Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали 7. Краен пласман Тирено-Адријатико 2021 7. Трофео Лаигвелја 2022 6. Краен пласман Трка околу Германија

Распоред на резултатите на етапните трки

Распоред на резултатите на големите трки Голема трка 2018 2019 2020 2021 Џиро — СО 14 53 Тур — — — — Вуелта — 11 — 100Распоред на резултатите на поважните етапни трки Етапна трка 2018 2019 2020 2021 Париз-Ница — — — — Тирено-Адријатико — —7 — Волта а Каталуња 78 25НСО 34 Трка околу Баскија СО — 14 Тур де Романди СО 14 — Критериум ди Дофине 79 — 76 — Тур де Свис — —НСО —

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Британски велосипедисти