Серотонин () – роман од францускиот писател Мишел Уелбек издаден на француски јазик во јануари 2019 година. На македонски јазик во издание на издавачката куќа Три е објавен на 1 март 2019 година„Три“ го издаде најновиот роман на Мишел Уелбек - „Серотонин“ на семрежната страница на МКД
Заплет Депресивен земјоделски инженер, Флоран-Клод Лабруст, живее во апартман во бруталистички париски блок, но оди во Нормандија да помогне во промоцијата на француското сирење. Тој ја разбира судбината на локалните фармери, но е немоќен да им помогне да ти задржат нивните традиционални методи:
Откако Лабруст раскинува со неговата девојка, млада Јапонка, ја напушта работата и бега во хотел. Доктор му препишува антидепресив, па оттука доаѓа и серотинин како наслов на романот. Иако ова го намалува либидото, Лабруст се враќа во Нормандија во потрага по поранешни љубовници. Таму тој исто така посетува еден стар средношколски пријател кој е разведен и аристократски земјопоседник со самоубиствени намери.
Во врвот на романот, фармерите со ловечки пушки го блокираат автопатот. Во судирот со полицијата загинуваат единаесетмина, вклучувајќи и еден од главните ликови.
Тема Романот ги опишува француските фармери кои се борат да преживеат наспроти глобализацијата, агроиндустријата и политиката на Европската Унија. Предвидува многу работи од движењето на жолтите елеци кое започна со протести во Франција во 2018 година. Напишан пред демонстрантите да почнат да ги блокираат патиштата во реалниот живот, Серотинин наскоро им се придружи на претходните романи на Уелбек, Платформа и Покорност кои критичарите ги нарекувале чудно пророчки.
Како и во многу други дела на Уелбек, раскажувачот е отуѓен, средовечен маж со црна смисла за хумор. Има вообичаени описи на секс без љубов, како и рана сцена на мастурбација, па дури и бестијалност.
Изданија Првичното издание во Франција имало 320 000 примероци. Германското, италијанското и шпанското издание биле публикувани истиот месец. Книгата на македонски била издадена во март 2019 година. Англискиот превод треба да се појави во септември 2019 година.
Прием Во Франција, Серотинин бил најпродавана книга во неделата кога била издадена. Во првите три дена биле продадени 90 000 примероци. И покрај тоа што Уелбек не дава интервјуа после пукањето во „Шарли Ебдо“ во 2015 година, изданието било сметано за национален настан, кое било во истиот месец кога тој го добил орденот Легија на честа.
Наводи
Категорија:Романи од Мишел Уелбек Категорија:Француски романи Категорија:Романи од 2019