Основно училиште „Коле Канински“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Коле Канински“ - Буково; скратено: ПООУ „Коле Канински“) — подрачно основно училиште во селото Буково, кое престанало да работи како средишно училиште во 1967 година и било припоено кон училиштето истоименото училиште од Битола.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски партизан Коле Канински.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Буково, во непосредна близина на главната селска црква „Св. Димитриј“.
Градба
Училиштето било подигнато од страна на браќата Теохар и Јован Димитриу-Пиника, кои изградиле и други вредни објекти низ Битола.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Битола Буково Категорија:Буково