Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Кочо Рацин“ - Шопско Рударе; скратено: ПООУ „Кочо Рацин“) — поранешно подрачно основно училиште во селото Шопско Рударе, кое претставувало единка на училиштето истоименото училиште од градот Кратово. Училиштето во моментов нема ученици кои го посетуваат.
Училиштето било именувано по истакнатиот македонски поет Кочо Рацин.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓало во самото село Шопско Рударе, сместено во средишниот дел на Чергинско Маало.
Градба
Објектот е во лоша состојба и истиот не е обновен.
Настава
Во училиштето се изведувала настава од прво до деветто одделение и наставата се изведувала единствено на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Категорија:Поранешни основни училишта во Општина Кратово Шопско Рударе Категорија:Шопско Рударе