Дија () или Таја () — река во Средна Европа, најдолга десна притока на Морава. Долга е вкупно , протегајќи се од запад кон исток на пограничното подрачје помеѓу Долна Австрија и Јужна Моравија (Чешка), иако границата на највеќето места не минува по самата река. Настанува од две помали реки, наречени Германска Дија () и Моравска Дија (, ) кои потоа се среќаваат кај гратчето Рабс.
Името Дија значи „тромава“. Недалеку од Знојмо се наоѓа истоименото селце Дије, наречено по реката.
Географија Во горното течение, реката минува низ длабоки клисури во Националниот парк Подији и минува покрај повеќе замоци и дворци. Тука има изградено неколку брани.
Дија ги собира водите од западната половина на Моравија и соседните краишта на Долна Австрија. Нејзини најголеми притоки се Свратка и Јихлава кои се среќаваат во средната акумулација од хидросистемот „Нове Млини“.
Населени места Поважни населени места по течението на Дија (по низводен редослед) се:
Рабс на Дија () Дрозендорф-Цисерсдорф () Вранов на Дија () Хардег () Знојмо () Ла на Дија () Леднице () Бжецлав ()
Брани мини|десно|Акумулацијата „Знојмо“.
Сите брани на Дија се наоѓаат во Чешка и служат за наводнување, производство на електрична енергија и заштита од поплави. Брана Моќност Вид „Вранов“ 18,9 MW обична „Знојмо“ 1,4 MW проточна „Нове Млини I“ (горна) — проточна „Нове Млини II“ (средна) — проточна „Нове Млини III“ (долна) 2,4 MW проточна
Поврзано Германска Дија Моравска Дија
Наводи
Надворешни врски
Тековен водостој на Дија: во Подхради, Вранов-Хамри и Ладна — портал „Моравски слив“ Информации за пловноста на Дија Список на хидроелектраните на Дија Здружение на пријателтие на Дија (Таја) Дија (Таја) на „Австрија-форум“ — Австриски лексикон
Категорија:Моравски слив Категорија:Реки во Австрија Категорија:Реки во Чешка Категорија:Географија на Долна Австрија Категорија:Јужноморавски крај Категорија:Меѓународни реки во Европа